Познатиот битолски фотограф, графички дизајнер, автор и филмски сценарист, Игор Трајковски Фоја на 22 април во Офицерскиот дом во Битола ја отвори својата изложба на фотографии насловена „ИДНИНА ВО МИНАТОТО“. После отворањето, целата поставка е префрлена во просториите на Радост-кафе, и таму ќе биде до 7-ми Мај, за сите останати заинтересирани посетители кои ќе сакаат да ја разгледааат. Низ еден визуелно-естетски, мисловен, перформанс, споделени се слики и спомени од Истокот. Визуелниот наратив, има за цел да не понесе кон едно мечтаење, за долго очекуваната иднина, која можеме да ја споредуваме само со досега искусеното минато.

278791406 5113677172022501 9180754747402293115 n

На отворањето на изложбата Трајковски пред присутните ја образложи идејата за една ваква изложба насловена „Иднина во минатото“.

278787612 707536410293216 5758590118513259182 n

Во книгата, се навратив на мојот престој во Кина во 2019-та, кај Коцката и Мимоза. Уште по самото враќање од таму, бев фасциниран од новиот светоглед кој ми се отвори. Кон крајот на 2019-та пробав сето тоа да го артикулирам во нешто слично на ова денес, но не се снајдов баш. Едноставно требаше да оставам да легне, да помине време, или што велат домаќинките да си оди кај мајка му. Сето тоа искуство таму го насловив како „ИДНИНА ВО МИНАТОТО“, едноставно тогаш бев на прв поглед фациниран од сето тоа што ми го пружи градот Шенжен, кој делуваше како град од иднината. Но како што откривав, делови од мозаикот, стануваше јасно дека таа иднина се изградила, на темелите на едно богато минато. Така и ја створив приказната за дрвото бамбус. Овој израз денес, за мене има едно сосема поинакво заначење. Кое сакам со вас да го споделам. Изминатите 2-3 години, живеевме во време за кое важат, новите вистини, правила, нови убавини односно нова слобода. Многумина од нас мечтаеја за една светла иднина, за која некој знаеше да каже: „Кога ќе се вратиме на она старото“. Значи во нашите најсилните желби за светла иднина , тлееше носталгија за минатото, кое за нас, до тогаш, претставуваше нормала. Тоа минато, како такво, е невозможно да се врати. Од самиот факт, што секој нареден момент сме посиромашни за одреден број луѓе, кои го сочинувале тоа минато, а заминуваат од овој свет неповратно.

278834191 668252427795823 2336979864799767643 n

Во епилогот на самиот проект пак авторот ќе напише:

Дали денеска, обремени од сите неприлики, сме способни, сите заедно да мечтаеме за таа долго очекуваната „иднина“, која кој знае дали ќе биде блиска со она „минато“ досега познато за сите нас. Фотографиите, кои ги создадов на истокот, поезијата, визијата и останатите искуства кои се вмрежени во секое дело се надевам дека ќе пренесат една современа естетиката веродостојна за филозофијата на истокот денес. Тоа е моќта на мечта која може да не однесе на едно друго место и да не помести во едно друго време. Време во кое слободно се движиме во толпата. Време во кое  социјалната дистанца е за мене сменета со срдечна прегратка. Време кое можеме да се спакуваме и  да отпатуваме на другиот крај на светот, само за да сретнеме што повеќе нови лица.
Ајде заедно да мечтаеме за „ИДНИНА ВО МИНАТОТО“

Проектот е поддржан од министерството за култура, како проект од национален интерес за 2022 година, како и останатите соработници: ГРАФО ПРОМ, Радост Radost Caffe, Латерал / Lateral

278748779 415945577035868 8679438719881002709 n
За авторот на изложбата

Игор Трајковски Фоја е роден на 4 Мај 1986 во Битола, Р. Македонија. Автор, фотограф, графички дизајнер и филмски сценарист. Во уметноста навлегува со комбинации на фотографија и уметничка графика. Негови графики се дел од повеќе изложби во земјата и Европа, меѓу кои „Интернационалното Биенале на графичка уметност, Португалија – 2014“; Изложба на графичка уметност „Огледало лице во лице“ Виченца, Италија – 2016. Автор е на книгите „Кукла“ – 2010 (кратки раскази) и романот „Снежна Пустина“ – 2013 (откупен од Министерството за култура, како дело од национален интерес).  Главен и одговорен уредник е на зборниците за литературна уметност: Колегиумски Записник 001 (2014); Колегиумски Записник 002 (2015); Колегиумски Записник 003 (2016); Collegium Enclosure (2017). Уредник на списанието „Магента“ кое од 2015 па наваму третира теми поврзани со уметноста посебно во Битола и регионот. Основач е на групата „Live Литературен Перформанс“ во која членуват поети и музичари од Битола (меѓу кои и двајца членови од бендот „Фолтин“), со која на еден не формален начин се презентира авторска поезија.  Организатор е на фестивалот „300 работи, триста“ Фестивал за литература и аудио визуелни уметности. Фестивалот се одржува непречено од 2013 на ваму и на него досега учествувале гости од Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Р. Ирска, Кина, Индија, Сад, Чешка и други. Добитник е на многу бројни награди од областа на литературата меѓу кои: Прва награда за поетска творба на поетската манифестација „ПЛАНЕТОПИЈА 2019“;  Медал „Културен Центар Месопотамија – Белград“ 2020;  Специјална награда за поезија „ ГРАД ГАЛАТЕО-АНТОНИО ДЕ ФЕРАРИС“ – Меѓународен натпревар во Рим, Италија за песната „ТИ И ЈА“ (препев на српски јазик) 2020. Завршил Постдипломски студии на Филмската академија во Охрид – ИФФА (FIOFA)

Филмографија:

СОБА 13 (2017) – Краток филм на режисерката Нора Шарак (Талин, Естонија) – Сценарист; Лактив Туризам Охрид (2017) – Промотивно видео во форма на краток докуметарец (Европски Проект) – Сценарио и Режија; НОЌТА (2018) – Автор на сценарио за игран филм, добитник на средства од филмскиот фонд на Македонија за 2018 година.; ТВ Серија ПРЕСПАВ, (2019) – Сезона 4, Епизода 5  „ВИШ ИНСПЕКТОР“ Сценарио, Епизода 18 „ТРАНС ТОАЛЕТ“  Сценарио, Епизодна Улога.

За најтешките моменти во животот…
Еден ангел му се обратил на човекот: – Сакаш да ти го …
Киселата краставичка – тајниот сојузник за здравје
Киселата краставичка е традиционален дел од многу македонски трпези, особено во зимскиот …


Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…