viber image 2025 05 07 12 47 59 013

Од Јапонското министерство за образование, култура, спорт, наука и технологија ги соопштија резултатите од 32-вото издание на светскиот детски ликовен конкурс 2О24 / 2О25 година кој е основан во 1993 година во Токио.

Оваа година според организаторите на оваа еминентна манифестација која го вреднува детското сликарство на светскиот детски ликовен конкурс пристигнаа над 12.000 детски ликовни цртежи на млади ликовни уметници до 19 години од 68 земји од цел свет.

bojana

Македонија традиционално како и секоја година беше преставена само од Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола кое по селекцијата испрати колекција од 15 цртежи од исто толку свои ученици од кои ученичката Бојана Стефановска за своето уметничко дело беше наградена со признание 1ОО од 1ОО најдобри млади уметници.

bojana 1

Жири комисијата која во состав е од професори и академици од Националниот Музеј за модерна уметност во Токио и Универзитетот за ликовни уметности во Токио и сродни Универзитети од Јапонија имаа поприлично тешка задача да ги наградат најдобрите ученици.

„Нескромно, но наградата која има огромно значење и за нашиот ученик, но и за нашето студио беше oчекувана. Бојана има специфичен стил на ликовно – уметничко изразување кое ние максимално го поттикнуваме во правилниот развој, но без интервенции на веќе изградениот личен пристап.

bojana 2

И тоа не фасцинираше со што бевме сигурни дека кога – тогаш ќе е соодветно препознаен. Успехот од Токио е потврда на целата таа работа” – изјави Елена Хаџи-Антоновска, претседателка на Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола.

bojana 3

Светскиот детски ликовен конкурс во Токио веќе 32 година е плод на взаемна соработка на Министерството за образование и култура заедно со Министерството за надворешни работи на Јапонија како и десетина Универзитети за ликовни уметности и Музеи во Јапонија.

5 причини да јадете смокви: Богати со влакна и антиоксиданси
Смоквите се плод на дрвото фикус, кое е дел од семејството на …
Учење од тешките ситуации и надеж кон иднината – четири карактеристики на отпорните (стабилни) личности
Отпорна (стабилна) личност значи повеќе отколку да се има силна личност. Вистинската …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…