На АРТ ТРЕМА ФЕСТИВАЛ 27 по ред во Рума – Србија, НУ Народен театар Битола ќе учествува со претставата КИСЛОРОД – Иван Вирипаев.
На Фестивалот ќе земат учество театри од Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и херцеговина и Македонија. Фестивалот е од натпреварувачки карактер.
Претставата ќе се прикаже на 29.03.2024 со почеток во 21:00 часот во Градско позориште Рума.
Претставата Кислород преку човековата потреба и желба слободно да дише, навлегува длабоко во потребата на човекот да живее… Да живее живот полн со љубов, среќа, емпатија, солидарност, наспроти одразот во огледало кој денешниот човек се почесто го гледа.
Играат:
Викторија Степановска – Јанкуловска
Никола Стефанов
како гостин во видеото е Марјан Наумов
Превод: Оливера Павловиќ
Режија и сценографија: Иван Јерчиќ
Костимографија: Марта Дојчиновска
Авторска музика и избор на музика: Александар Димовски
Светло: Никола Ѓеорѓиевски
Шминка и фризура: Стефанија Стојчевска
Видео материјали: Марјан Ѓеорѓиевски
Снимател: Сашо Илковски
Видео оператор: Владимир Переловски