saso ilkovski

НУ Народен театар Битола учествува со 2 избрани плакати во вкупна селекција од 50 најдобри плакати во официјалниот каталог на осмото издание на Биеналето на театарски плакати во Вараждин 2025 и истите ќе бидат изложени во изложбениот салон на Сермаж Палас ГМВ и Галерија „Златен ангел“ во Вараждин од 24 јануари – 16 февруари 2025 година. Зад дизајнот на плакатите стои Сашо Илковски од НТБ.

Илковски досега има креирано околу 35 плакати. „За плакатот на претставата „На дното“, креацијата дојде од разговор со режисерот, темата на претставата и искористените реквизити во самата претстава. Се совпадна со тоа што сопругата ми работи во лабораторија кај крвта. Плакатот на 9.Шекспир фестивал, требаше да биде минимализам… во боите на логото (црвено, сиво, црно) ,имав 3 решенија, а конечното го избравме заедно со НТБ“, вели Сашо.

saso ilkovski plakati 2

Креативноста и посветеноста кон визуелната уметност на Народниот театар Битола, повторно се истакнуваат на меѓународно ниво.

saso ilkovski plakati 1

Во 2009 година, Хрватскиот народен театар во Вараждин го промовираше БИЕНАЛЕТО НА ТЕАТАРСКИ ПОСТЕРИ, кое се одржуваше редовно до 2021 година.Имаше регионален карактер, па покрај хрватските театри беа застапени и театри/автори од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Словенија и Србија.

Досега на изложбите имало околу стотина избрани плакати, а заедно со изложбата, испечатен е и репрезентативен каталог во кој се застапени сите театри кои испраќаат плакати. Поради реновирање на внатрешноста на Театарот, не се одржа 8.издание на биеналето, кое се организира оваа година во коорганизација на Хрватскиот народен театар во Вараждин, Градскиот музеј Вараждин и галеријата „Златен ангел“, под покровителство на градот Вараждин, кој доделува парични награди на авторите за најдобрите први три плакати. Со цел да се зачува континуитетот, изложбата ќе содржи плакати креирани од последното одржано Биенале, до крајот на театарската сезона 2023/24.

Спанаќот – зеленото богатство што телото го бара на почетокот на пролетта
Кога пролетта тропа на вратата, природата ни ги нуди првите свежи листови …
Странците често се воодушевуваат од нашиот ритам – интервју со Снежана Балканска
Снежана Балканска е пензиониран играорец кој работеше во Ансамбл „Танец“. Таа и …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…