сашо илковски

Тие се првиот контакт со театарската публика, она што ќе ги заинтригира љубителите на театарот да дојдат и да се соживеат со играта на актерите на сцена…Плакатите, фотографиите, програмата, видеата…сето скоцкано во рекламен материјал. Во битолскиот театар зад сето тоа стои Сашо Илковски, дипломиран инженер, графички и веб дизајнер, но и пасиониран фотограф.

Претставата „My name is Medeja“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп на Сашо му ја донесе наградата за рекламен материјал (покрај неколкуте награди кои ги освои оваа претстава).

347244058 773355911153561 1450343114363767737 n

Поразговаравме со Сашо и за веб и графичкито дизајн, за иднината на оваа област, но и за неговата пасија кон фотографирањето.

Читај бе: Сашо, неодамна ја доби наградата за рекламен материјал за претставата „My name is Medeja“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Колку ти импонираше добивањето на оваа награда? Рекламниот материјал сепак, е нешто што треба да ја продаде, да ја долови, да ја презентира самата претстава за публиката да дојде и да ги гледа актерите на сцената…

Сашо: 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ ми ја донесе наградата за рекламен материјал. Навистина беше прекрасно чуството да се биде таа вечер на сцената меѓу наградените, особено што претставата „My name is Medeja” оваа година освои голем број на награди. Да, се разбира дека можеби тој рекламен материјал (плакатот, програмчето за една претстава) е првиот контакт со публиката, а има публика која особено при првиот контакт ќе донесе одлука за претставата (да ја посети или не).

347250301 773355857820233 7264522080864657590 n
meblo trejd lajsni

Читај бе: Раскажи ни го процесот на создавање на рекламен материјал за една претстава…што се подразбира под рекламен материјал, колку време треба да се изработи, како се добива инспирацијата, дали добиваш идеи од своите колеги…

Сашо: Среќа е тоа што околу мене во опкружувањето на работното место има толку многу креативни колеги… секој процес на изработка на рекламен материјал е во непосреден контакт со креативната екипа на самата претстава и претставува еден микс на идеи, кои заедно ги преточуваме во дигитален арт. Доволно е една седмица за истиот да се изработи и да се прати на печат. Она што на крај од секоја претстава, нормално покрај актерската игра и процесот на креирање на една претстава од целата екипа, остава печат и заминува во архива е: плакатот, програмчето, фотографиите и видеата од претставите.

posteri

Читај бе: Ти си дипломиран инженер, работиш веб и графички дизајн, а исто така ги предаваш и AutoCad и Civil 3D. Се чини дека оваа област во последните неколку години зема поголем замав кај нас. Според тебе, од твоето искуство, каква иднина има графичкиот и веб дизајнот?

Сашо: Соработката со Јавен Адвертајзинг трае веќе 3 години. Тука сум предавач по AutoCAD и CIVIL3D, a заедно со таа екипа сум вклучен и во други проекти за веб девелопмент. Мислам дека една од најсветлите точки, што се развива во нашата држава и нашиот град изминатите години е токму развојот на ИТ компаниите, кои се предуслов за многу млади да останат во нашата држава. Секако овој развој продолжува со незапирливо темпо, меѓутоа мислам дека е неопходно да се пратат и да се биде во тек со сите технологии и ИТ решенија кои секојдневно неуморно излегуваат на пазарот и истите да се искористат на најдобар можен начин. Јас практикувам една животна девиза на – Доживотно учење.

Читај бе: Какви се перспективите со овие знаења да се работи за надворешен пазар?

Сашо: Голема е борбата на надворешниот пазар, меѓутоа кога ќе се прикажете на правилен начин и кога правилно и професионално ќе си ја сработите работата дадена од преку океанот, бидете сигурни дека ќе дојде и следниот…  и следниот проект. Платформите за наоѓање на проекти како UpWork, Fiverr и слични платформи мора да се искористат. Перспективите постојат, нема пречки… советувам: надоградувајте се, комуницирајте, барајте проекти и можности, успехот е неминовен.

Читај бе: Се чини дека сега е и подостапно да се научат програмите во академиите кои нудат обуки од различни области. Каква е заинтересираноста за изучување на веб и графичкиот дизајн, или пак програмирање?

Сашо: Точно е дека таа олеснета комуникација и достапноста на материјали и ресурси за учење, овозможува брза надоградба и преквалификација како на помладите, така и на постарите. Некогаш најдобро е да се посетат и тест часови за да се добие подетална слика за она што се изучува на курсевите и академиите, било да се работи за дизајнeр, тестер или програмер. Меѓутоа кога ќе навлезете во оваа материја, секогаш треба да се надоградувате и да се приспособувате на новите побарувања и технологии.

Читај бе: Покрај сето ова, ти си и пасиониран фотограф. Што најмногу сакаш да фотографираш?

Сашо: Во далечната 2007 година го основавме градскиот веб портал konzuli.com, кога не постоеше ниту Facebook J тогаш за прв пат си купив подобар фотоапарат од USA за 300 usd, а потоа дојде и Никонот на Цавирот и го изнасликавме ноќниот живот во Битола.

конзу

Сега сакам да фотографирам  природа и архитектура, а исто така ја обожавам театарска фотографија.

Читај бе: Која е твојата најомилена фотографија?

Сашо: Мојот сет на омилени фотографии доаѓа од претставата „Кислород“ и се конвертирни во црно бела техника.

meblo trejd mialnici
jk kipar carter
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Битола незаслужено го изгуби својот сјај и статус во регионов – одблиску со Силвана Петрова-Насух

Нејзиниот глас одѕвонува во документарни филмови, на културни и музички манифестации. Едноставно,…