bitolska gimnazija 1

Во организација на Федерацијата за училишен спорт на Македонија и СОУ „Мирче Ацев“, вчера во Прилеп се одржа Државното првенство – завршен турнир во ракомет за средни училишта (машка конкуренција).

Во двете полуфинални средби беше прикажана одлична игра, а сосема заслужено пласман во големото финале обезбедија двете најдобри екипи: СОУ „Гимназија Јосип Броз Тито“ – Битола и СОУ „Мирче Ацев“ – Прилеп.

bitolska gimnazija 3

Државен шампион за 2025 година е Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, која во финалето славеше победа со резултат 23:17. Во полуфиналето, битолската екипа беше подобра од СОУ „Гоце Делчев“ – Куманово со убедливи 29:19.

Победничкиот тим, составен од ракометари на Е. Пелистер, беше предводен од професорот Михајло Сиљанов.

bitolska gimnazija 4

Овој успех уште еднаш потврдува дека Битола е расадник на млади и надежни ракометари, што беше потврдено и со неодамнешниот пласман на Ф4 турнирот во Келн во младинската Лига на шампиони.

Прегласниот свет и тивкиот човек
Пишува: Сара Танаскоска Живееме во време кога гласноста се наградува, а тишината …
Здравје во боја – овошја што го разладуваат телото и ја хранат душата
Летото е време кога нашето тело природно бара повеќе течности, лесна храна …
You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Категоријата „хоби“ кај децата полека изумира – медалите и пехарите се делат како леблебии

Еден културен и фин господин го гледа својот син Даниел, кој има…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…