Националната установа – Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола на сите сограѓани им го честита празникот 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ.
11 Октомври 1941 – Денот на народното востание на македонскиот народ е симбол на македонската борба за слобода. На овој ден во 1941 година беше означен почетокот на народно-ослободителната војна и борбата за самостојност и самобитност. На овој ден се слави пожртвуваноста и решителноста на македонскиот народ за слобода и за создавање на самостојна, суверена и независна држава.

По повод Денот на народното востание 11-ти Октомври, во холот на библиотеката е поставена изложба на книги со тематика од тој период.

Среќен е тој што умее да сака – Херман Хесе
…Колку повеќе стареев, толку помалку бев исполнет со малите задоволства што ми …
Твојата добрина е твоја победа – дури и кога сите губат човечност
Во време кога сè почесто се среќаваме со себичност, осуда и повредени …









