Филип Стојчевски од Битола, во саботата, на 28.05, учествуваше на европското натпреварување за природен бодибилдинг во Братислава, Словачка – ,,European Powerfit Natural Cup”. Тој беше единствениот Македонец кој учествуваше во категоријата на Classic Physique, која се смета и за една од најпопуларните категории во светот на Бодибилдинг. Филип го освои шестото место на ова натпреварување со едни од најдобрите индивидуиди со кариера во одделот на Бодибилдинг, за кое му беше врачен и медал.

Филип Стојчевски е горд на постигнатите резултати и има во план да продолжи да чекори напред и да учествува на натпреварувања од сличен карактер.

281451878 380825977413552 1743879817765649266 n

„Имам микс од емоции. Се пласирав на шестото место и ми беше врачен медал за истото. Од една страна имав желба да постигнам подобри резултати и да се пласирам на повисоко место, но сепак сум задоволен со постигнатото затоа што тој ден го извадов максимумот од мене. Голема благодарност до спонзорите: Аптеката Rosa Vita, Hardcore Supplement Shop, Taskforse, VT Diet Club и Општина Битола кои мми ја дадоа поддршката за да учествувам. Се натпреварував во категорија Classic Physique која е една од најрастечките категории во последните години и значително популарна во светот на бодибилдинг. Се натпреварував со едни од најдобрите бодибилдери во Европа и успеав добро да се пласирам како деби настап во оваа лига. Следно натпреварување очекувам да ми биде во октомври во Битола на “Paljo Classic” или во ноември во Италија или Унгарија” – изјави Филип Стојчевски од Битола за Читај бе.

Error: Contact form not found.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…