lokum fest25

Од 16 до 19 јули, Битола ќе биде домаќин на 19. издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“. Овој уникатен културен настан, кој започна во 2007 година, и годинава го продолжува својот континуитет како фестивал што ја слави традицијата, музиката, културното наследство и меѓуетничкиот дијалог преку звуците на етното и world music.

Во изминатите 18 години, на „Локум фест“ настапиле повеќе од 110 музички состави од Македонија и светот. На фестивалската сцена биле: Монистра, Баклава, Љубојна, Чалгија саунд систем, Сваровски бенд, Јаков Дренковски, Тони Китановски и Черкези, Влатко Стефановски Трио, Стевче Стојковски, Даутовски Дуо, Вања Лазарова, Зарина Прва Севда и многу други.

Покрај домашните, фестивалот угости и врвни етно и етно-фјужн музичари од Данска, Норвешка, Финска, Индија, САД, Бразил, Унгарија, Полска, балканските земји и пошироко, што му дава интернационален карактер и репутација.

Оваа година, фестивалот се одржува под мотото: „Наследството како сцена“, промовирајќи го концептот на културно-историските простори како активна сцена за современи уметнички изрази. Програмската определба останува јасна: презентација на градскиот фолклор, традиционални изведби, стилизиран фолклор и современи музички форми базирани на културното наследство.

lokum fest25 1

Инспирацијата за „Локум фест“ произлегува од живото културно наследство на некогашната конзулска Битола – мултикултурен град каде се преплетувале византиската, ориенталната, сефардската и европската култура. Оваа уникатна мешавина оставила траен печат врз локалната музика, архитектура и традиции, кои фестивалот успешно ги оживува и претставува пред домашната и странската публика.

Оваа година, фестивалот првпат ќе се дисперзира и надвор од Битола. На 18 јули, во соработка со Public Room, „Локум фест“ ќе се одржи и во Скопје, каде ќе настапат грчкиот состав Reggetiko Project и рускиот Vedan Kolod, под мотото: „Однадвор кон центарот“ – симболична културна врска од југозападот кон централниот дел на државата.

Оваа дисперзија претставува најава за големиот јубилеј следната година – 20 години „Локум фест“, кога фестивалот ќе се прошири и на други автентични локации низ Македонија и регионот.

„Локум фест“ останува доследен на својата мисија – да го негува јавниот карактер на културата, без комерцијализација и естрадизација. Настаните се бесплатни и се одржуваат на отворени јавни простори, со поддршка од Министерството за култура и туризам и Општина Битола. Фестивалот е дел од програмата на „Бит фест 2025“ и член на престижни фестивалски мрежи како Most Music, Without Borders и EFFA.

Најдобрата и најкратката лекција за стресот
Еден психолог им го одржа следното предавање на своите студенти: „Секојдневно се …
Кој ја бара вистината мора да знае како да ја поднесе – кинески древни мудрости
Во минатото Кинезите обесувале поговорки од двете страни на главниот влез на …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…