На десет локации низ Битола се одржа фестивалот „Солстис“ во организација на Француската Алијанса, а во рамките на Бит фест 2022.
Битола како историски франкофонски град веќе 20 години го одбележува овој ден: десетина отворени сцени долж „најмедитеранската“ улица во земјата- Широк сокак, со настап на десетици музичари од сите музички жанрови го празнува истиот. Настаните се на отворено, по примерот на европските градови.
Идејата за првпат била зачната во 1976 година од страна на американскиот музичар Џоел Коен, кој подоцна бил ангажиран од страна на Француската национална радио станица „Франс Мјузик“ (France Musique). Коен предложил цела ноќ музичка прослава на почетокот на летото (летниот солистициум), а идејата за првпат се реализирала во 1982 година во Париз.
Фото: Саше Богоевски