хоризонти

Денеска во просториите на КИЦ Битола во Офицерскиот дом, во присуство на уредничкиот одбор и новинари,  беше промовирано ново електронско списание за култура „Бели хоризонти“. Промоторот и воедно и уредник на списанието , директорот на КИЦ Битола, Лили Бошевска пред присутните даде воведно излагање на содржината ,темите и мисијата на списанието „Бели Хоризонти“.

kic

Иницијатор и автор на истото е битолскиот ликовен критичар и уметник Владо Ѓоревски, кој е воедно и креатор на графичкиот формат на списанието . Во понатамошното излагање проф. Александар Стерјовски, член а редакцискиот совет, меѓу другото рече“: „Природно е што се појави ова списание, чие што име соодвестува со установата Културен и информативен центар Битола. Во редакцискиот совет се и членовите Владо Ѓоревски и Драган Ристевски.

Во понатамошната промоција, уредникот и членовите на редакцискиот одбор ја промовираа идејата, концептот и мисијата на списанието, кое како се наведе ќе биде отворено за млади и нови автори и идеи.

kic 2

Во овој број се застапени теми како: .100 ГОДИНИ ОД УЛИС- ЏЕМС ЏОЈС Аурел Шмит „Средба“,  . Хорхе Луис Борхес „Довикување на Џојс“,  Џојсовиот Улис низ очите на Владимир Набоков,  Портрет – ВЛАДИМИР КОСТОВ,  Зоран Анчевски-Поезија,  . Кратка проза- Едвард Лу „Доплер“,  Зоран Пејковски-Поезија, Извадок од романот „ОПРАВДАНИЕ НА ОСТРОВОТ“ од Евгениј Водолазкин,  Кирил Македонски: „Гоце“– првата македонска опера, 1954 и др. Новото електронско списание за култура ќе биде тромесечник и  претставува нов исчекор на младата установа за култура КИЦ Битола во актуелизирање на културата како општествена тема и промовирање на нови автори и идеи и погледи. Бели хоризонти

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…