Ракометарите на Еурофарм Пелистер изгубија од Вардар во дербито со 3 разлика и го срушија сонот на битолчани – не успеаја да ја освојат титулата.

Битолчани се разочарани затоа што фантастичната атмосфера и максималната поддршка од публиката не беа доволни за играчите да го остават срцето на терен. Секоја чест на неколкумина исклучоци во тимот.

На овој натпревар, битолската публика и навивачката група Чкембари се победници. Реагираа како публика на највисоко ниво и покрај сите провокации и неправди. Знаат да наградат, но знаат и да казнат. Тоа и го направија на крајот на натпреварот.

Но, тука не застанува се. Ракометна Битола има иднина. Ракометот повторно се враќа на ниво како некогаш. Гордоста наша Еурофарм Пелистер 2 ни ја дава таа надеж. Во градот функционираат голем број пионерски и младински екипи на неколку клубови. Имаме клуб кој повторно се врати на европските патеки.

Битола била и ќе биде ракометен град. И има публика која го разбира и го сака ракометот. Живее за ракометот. Повеќе од било кој во ова мало парче земја. И тоа треба да го сфатат сите наредни играчи кои ќе го облечат зелено-белиот дрес.

А тие што заминуваат – никогаш нема да имаат ваква публика.

Фото: Саше Богоевски

Претплатете се за новости

You May Also Like

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Фудбалот е и женска пасија – интервју со битолчанката Ангела Домазетовска, ФИФА судија

Битолчанката Ангела Домазетовска уште нод 10 годишна возраст започнала да се занимава…

Тројца битолчани од „Талент“ ќе играат за младата фудбалска репрезентација на Македонија У-14 против Словенија

Алек Сиваков, Давид Ангелевски и Стефан Секирски од фудбалската школа „Талент“ од…