Денеска на 5 мај, Светскиот ден на акушерките, од Битола започна Меѓународната недела на сестринството. Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, одлучи токму од Битола да започне одбележувањето, а ќе заврши на 12 мај во Скопје.

Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата на здруженијата на медицинските сестри рече дека Високата медицинска школа и медицинското средно училиште во Битола произведуваат сериозно професионални кадри. Особен акцент му се даде на акушерките кои го слават денешниот ден, велејќи дека нивната професија е племенита.

„Многу е убаво чувството да бидете акушерка. Кога ќе ги прашаат медицинските сестри, што е тоа што можете да го направите за пациентите, кажуваат дека тоа е давањето живот, односно првата аспирација која ја прават на детскиот плач“, рече Бешлиовска.

ms 15 min

„Акушерките се разликуваат од останатите медицински сестри. Секогаш треба да биде подготвена, да има добра вештина, знаење и потребно искуство затоа што од неа зависат здравјето на мајката и плодот, зависат два животи“, потенцираше Прим. Д-р Таше Трпчевски, специјалист гинеколог акушер.

ms 11 min

На денешнниот настан се потенцираа и проблемите со кои се соочуваат потенцирајќи дека во Македонија има недостаток на сестри.

„Тие се бројат пропорционално на број на жители, односно треба да бидат околу 700 сестри на 100.000 жители. Во овој момент имаме 300 до 350, во старт имаме 50% недостаток на медицинските сестри во Македонија. И тоа и понатаму ќе биде голем проблем, се отворија границите, досега имавме спорадични заминувања, но имаме сега позачестени заминувања. Акушерките многу недостигаат. Ние пандемијата не ја завршивме, во септември не чека есента и мора стратешки во болниците стратешки да се надополнат“, рече Бешлиовска.

Медицинските сестри потенцираа дека за решавање на недостатоците потребна е инвестицијата во нивното образование, но и дека се единствени во регионот кои немаат закон за нивната професија.

Домаќин на настанот беше Болница „Плодност“, во присуство на акушерки од Клиничка болница, Здравствен дом и Високата медицинска школа, а присуствуваа и акушерки од сите болници во Скопје, Велес, Куманово и Прилеп.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…