metal

“Agremorta” е колаборативен музички проект настанат во јули 2023 година и почна многу брзо да работи заеднички за да за брзо време создаде многу музика којашто допрва ќе биде објавена. Членовите на музичкиот проект се Кристофер Кронс (Christopher Cronce) и Никола Станојковски, македонско/американско дуо каде што Кристофер е одговорен за композицијата, аранжманот и изведбата на вокалите, како и, пишувањето на текстовите, додека пак Никола е одговорен за композицијата, аранжманот, продукцијата и снимањето на остатокот од инструментите, вклучувајќи гитари, бас, синтисајзери и се останато.

Музиката на “Agremorta” вклучува елементи од повеќе жанрови како алтернативен, прогресивен, грув и индастриал метал, проткаено низ една оркестрална, футуристичка и амбиентална музика којашто ја држи основата на звучниот дизајн. Значењето на името на бендот е комбинација на два зборови: Agre – пред, кој потекнува од стар индоевропски јазик, и, Morta – кралица на смрта, што доаѓа од римската митологија.

7

“Adrocitas” е прв сингл од предстојниот краток албум (EP, extended play) “Anomalia”. Се работи за концептуален албум од 4 песни низ којшто се испреплетуваат и надополнуваат темите од песните во однос на текст, гитарски линии и звучен пејсаж. Во контекст на албумот, “Adrocitas” е интензивна кулминација на приказната. Се работи за ароганцијата на индивидуа во една праведна војна каде што музиката ја одсликува личната рефлексија за моќта и патот до пеколот поплочен со добра намера. За концептот и комплетната приказна можеме да откриеме кога ќе биде издаден албумот за којшто ќе бидете благовремено известени доколку постои интерес за тоа секако. Песната е уникатен спој на сложени мелодии, моќни/груви рифови, слоевит и богат звучен пејсаж и синтисајзери, како и текстови кои предизвикуваат интензивна емоционална експресија. Името на песната е комбинација на два зборови: Adrogantia, што е латински збор за дрскост, и, Ferocitas, што означува храброст предизвикана од внатрешна сила.

Синглот е објавен на 15-ти декември 2023 година на сите пипуларни стриминг платформи како Spotify, YouTube Music, Bandcamp, Soundcloud, iTunes, Apple Music, Tidal, Deezer итн(https://li.sten.to/agremorta). Исто така, достапно е и лирично видео на платформата YouTube. Вокалите се снимани и испродуцирани во ‘Alatna Studios’ со помош на Ендрју Бери (Andrew Barry). Александар Стефановски беше одговорен за ко-продукцијата, миксот и мастерот на песната, а во траката има и гостинско соло од страна на Луис Снајдер (Louis Snyder). Дополнителни бас линии во песната се снимени од страна на Стефан Стојкоски.

meblo trejd
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…