Денеска се одржа Државното ридско првенство на Македонија во организација на Велосипедскиот клуб Пелистер 15 Мај од Битола, по четврт пат во Битола. На него зедоа учество 12 клубови со над 70 велосипедисти во сите категории: у13, у15, кадети, јуниори, у23, сениори, мастерс и жени. Се возеше од хотел Капри Битола до ски центарот Нижеполе во должина од 12 километри.

velosipedisti 4
velosipedisti 3

-Се возеше по доста топло време, но сепак трката помина во најдобар ред. Голема благодарност до СВР Битола – сообраќајната полиција кои беа на висина на задачата. Исто така благодарност до Службата за итна медицинска помош, Цермат, хотел Капри, Кожувчанка, фотокопир Бабук, ЈП  Стрежево со голема поддршка на Битолскиот онлајн магазин Читај бе, изјави Африм Јусуфи, претседател на ВК Пелистер 15 Мај Битола и селектор на сениорската велосипедска репрезентација.

velosipedisti 46
velosipedisti 47

После завршувањето на трката и доделувањето на наградите на најдобрите, имаше дружба меѓу велосипедистите, а имаше и освежување од сладоледите на Цермат.

velosipedisti 50
velosipedisti 51
meblo trejd alati

Беше присутен и градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски кој го поддржа настанот и дојде да ги бодри велосипедистите од новоотворениот клуб Нова бајк од Новаци. Истакна дека планираат и во Новаци да се организираат вакви настани во интерес на младите и спортот.

Фото: Саше Богоевски

Како вистински да се одмориме за време на летниот одмор
Во време кога продуктивноста се вреднува повеќе од …
Луѓето што те повредуваат се всушност твои учители
„Никој ништо не ти прави; сè си правиш …
meblo trejd alati1

Претплатете се за новости

You May Also Like

Пелистер направи уште еден голем чекор понапред кон потврда на „единицата“

По победата над ТФТ (83:64), „пелистерци“ побегнаа на два бода повеќе пред…

Категоријата „хоби“ кај децата полека изумира – медалите и пехарите се делат како леблебии

Еден културен и фин господин го гледа својот син Даниел, кој има…

16 Светски титули и почесен III дан во сите боречки спортови и вештини за Дијана Неделковска и „ЗА-НЕД-ДО” од Битола

Академијата за боречки спортови и вештини „Златко Неделковски” ЗА-НЕД-ДО од Битола, која…

Младинките на ЖФК Атлетико шампионки на Македонија – за подемот во женскиот фудбал со Никола Гелевски, тренер на ЖФК Атлетико

Младинките на ЖФК Атлетико од Битола станаа шампионки на Македонија со победата…