flow

Меѓународниот ликовен конкурс FLOW, со седиште во градот Шведт на Одра, Германија, е еден од најзначајните натпревари за детско ликовно творештво во оваа земја. Конкурсот има долга традиција, а првото издание се одржало уште во 1968 година. Тогашниот работен наслов „Пријателство покрај нафтоводот“ прераснал во програма во која учествувале земјите што се наоѓале долж нафтоводот. Со текот на годините, поради општествените промени и промените во спонзорството, овој принцип бил напуштен.

Секоја година, околу 10.000 деца и млади од целиот свет ги испраќаат своите ликовни дела во Шведт, создадени во различни техники и на најразлични теми.

По селекцијата од страна на меѓународното жири, за 2026 година, од вкупно пристигнатите дела, 2.087 творби од 24 држави се изложени на традиционалната изложба во Укермеркише Бинен Шведт и во други јавни институции во градот. Потоа следуваат патувачки изложби на наградените уметнички дела во округот Укермарк и во покраината Бранденбург. Изложби на различни теми се организираат секоја година и се презентираат и во странство.

diZ9PK2E

Покровител на меѓународниот ликовен конкурс е Штефен Фрајберг, министер за образование, млади и спорт на покраината Бранденбург. Овој уникатен конкурс е поддржан од Министерството за образование, млади и спорт на Бранденбург, градот Шведт на Одра и округот Укермарк.

Од Македонија, во текот на сите 59 години, учесник е Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ – Битола, со своите членови. И оваа година, на FLOW пристигнале над 10.000 детски ликовни творби од 24 држави, а по одлука на жирито, највисоките и престижни награди им припаднале на 19 членови на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ – Битола.

„FLOW е речиси на иста возраст како и нашата организација, па самото тоа за нас претставува предизвик да учествуваме. Наградите, секако, ги оставаме на одлуката на жирито, иако би било нескромно да кажеме дека не ги посакуваме и дека не ги дочекуваме со радост. Оваа година освоивме 19 награди од испратени 25 цртежи, од исто толку наши членови.

Со највисоките и престижни награди, секој во својата возрасна група, се здобија: Јана Тунтевска, Анабела Јовчевска, Јоана Гацовски, Томислав Атанасовски, Елиф Сулиманоска, Ивана Влканоска, Давид Атанасовски, Софија Настовска, Теа Симоновска, Ангела Бошевска, Стефанија Димитријовска, Адријан Андреев, Ана Марија Спировска, Михаела Гошевска, Бојана Стефановска, Јана Стојановиќ, Сара Сотировска, Сирма Спиркоска и Димитра Филиповска.

EjQmStGe

Како организација, презадоволни сме од овој огромен успех, за кој говори и дописот со кој организаторот го извести Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ – Битола дека годинешниот успех е еден од позабележителните, особено кога станува збор за едно студио кое самостојно ја претставува својата држава.

L44kUH 8

Наградите се резултат на работата и огромниот уметнички и ликовен капацитет на нашите членови. Задоволни сме што оваа година речиси нема конкурс или изложба на која не сме присутни, а со тоа и наградени. Бројката веќе се приближува до 400 дипломи и признанија само за 2026 година, иако до Нова година очекуваме резултати од уште два конкурса, од Индија и Романија“, истакна Славчо Неделковски од Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ – Битола.

Собор на Свети Архангел Михаил
Св. Архистратиг Михаил и oстанатитe бeстeлeсни нeбeсни Сили, Ангeлитe Бoжји, луѓeтo ги …
Едно од најздравите овошја – неговите семки, овошје и лисја се лековити
Поради изобилството на витамини и минерали, ова растение зазема значајно место во …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…