ЈКП „Водовод“ – Битола продолжува со активностите за модернизација и дигитализација на системот за водоснабдување, со цел подобрување на неговата ефикасност, контрола и одржливост.
Во рамки на меѓународниот проект WATERVILL – Interreg Euro-MED, во соработка со Општина Битола, прифатен е предложениот пилот-проект, чија реализација е планирана во текот на 2027 година.

Проектот претставува продолжување на досегашните активности за унапредување на SCADA системот, проширување на мониторингот и воведување нови мерни и контролни точки. Предвидено е и поставување автоматизирани постројки за следење и контрола на квалитетот на водата.
Преку соработката со меѓународни партнери и универзитети се очекува размена на знаења и искуства, како и примена на современи европски технологии и практики во управувањето со водоснабдителниот систем.

Со овој проект се отвораат нови можности за создавање помодерен, поефикасен и поодржлив водоводен систем, во интерес на сите граѓани на Битола.








