ЈКП „Водовод“ – Битола започна со реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Димитар Тодоровски“, со целосна замена на старата, повеќе од 40 години дотраена водоводна линија, вклучително и сите приклучоци до крајните потрошувачи.
Старите лиено-железни цевки ќе бидат заменети со современи полиетиленски цевки, со што ќе се подобрат сигурноста и ефикасноста на водоснабдувањето, а ќе се придонесе и за намалување на загубите на вода.
Со ваквите активности продолжува модернизацијата на водоводната инфраструктура во Битола, во интерес на поквалитетно и посигурно водоснабдување за граѓаните.
💧 ЈКП „Водовод“ – Битола
Се грижиме за секоја капка вода!
Занимливости за цвеклото – суперхрана со силна боја
Цвеклото е едно од најздравите и најпотценети зеленчуци, богато со витамини, минерали …
Машината за перење и џемперот – необична приказна за љубовта и слободата
Додворувањето е атлетска дисциплина или не? Животот би бил многу поедноставен доколку …








