„Радоста на Европа“ е еден од постарите светски детски ликовни конкурси кои се организираат во Белград – Србија и тоа за оваа 2026 година беше за неговото 28. издание, а Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола со ликовни дела на нивните членови учествуваат без прекин од самиот почеток и редовно имаат добитници на големи награди или признанија.
„Оваа година на 28. издание, [иако фестивалот овие рамки ги добива 30 години претходно, што значи не е грешно да се напише 58. издание] на „Радоста на Европа“ учество имаа над 5.000 детски цртежи на слободна тема и тоа од Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Египет, Индија, Италија, Ерменија, Литванија, Македонија, Намибија, Полска, Романија, Русија, Словачка, Словенија, Тајланд, Хрватска, Чешка, Црна Гора, Финска и Кина [Хонг Конг].
Стручната жири-комисија, во состав проф. д-р Невена Поповиќ, професорката Лола Лукиќ, која е ликовен педагог и претседател на Здружението на ликовни педагози на Србија, заедно со Марко Шерер, ликовен уметник и ликовен педагог, ги прегледаа пристигнатите дела и ги доделија наградите.
За Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола голема награда и признание за посебен ликовен талент во категоријата на ученици на возраст од 10 до 12 години доби членот на ДЛС „Свети Кирил и Методиј“ Битола, Адријан Андреев [11], додека нашата членка Леа Стерјев [18] е добитник на признанието „посебен ликовен талент“ и наградата „дело кое ќе е дел од изложбата за 2026/2027 година“.
„Посебно горди сме на оваа награда затоа што и оваа година наши ученици се наградени, а второ, тоа се наши членови чии уметнички успех и талент е признаен во една ваква сериозна конкуренција“, истакна Славчо Неделковски од ДЛС „Свети Кирил и Методиј“ Битола.

Во исто време пристигнаа и резултатите од 8. издание на светскиот детски ликовен конкурс на малиот формат „Mini restArt“ [15 cm x 15 cm], кој исто така се реализира во Велика Плана – Србија.
„На „Mini restArt“ 2026 година учествуваат ученици од 4 до 19-годишна возраст и пристигнаа над 7.500 детски ликовни творби од 34 земји и тоа: Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Египет, Индија, Индонезија, Иран, Ирска, Казахстан, Ерменија, ОАЕ, Кина [Хонг Конг], Латвија, Литванија, Унгарија, Малезија, Молдавија, Германија, Полска, Романија, Русија, Словачка, Словенија, Турција, Украина, Виетнам, Канада, Хрватска, Црна Гора, Македонија, Чешка, Швајцарија, Шпанија, Тајван и Тајланд.
Во оваа огромна конкуренција наградени се 8 ученици – членовите на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола како претставници на Македонија, кои твореа на темата „Кој пее зло, не мисли!“.
Бојана Стефановска, 16 години, која освои 2. место – сребрен медал во својата возрасна категорија, додека голем број ученици – наши членови се добитници и на наградата „учесниците на изложбата за 2026/2027“ и тоа: Леа Стерјев [17], Ангела Бошевска [15], Миа Мицевска [15], Андреј Миленковски [14], Томислав Атанасовски [14], Фросина Полизовска [12] и Андреа Бисовска [10].

Оценката ја спроведе жири-комисија во состав Татјана Паловиќ Панов – дипломиран ликовен уметник и ликовен педагог, Анита Јовановиќ – магистер по графика и ликовен педагог, Снежана Гроздановиќ, магистер по сликарство и ликовен педагог, како и авторот на проектот Урош Стоилковиќ, магистер по сликарство.
„Ова за нашите вкупно 10 членови низ 2 конкурси е големо признание дека студиото е на својот прав пат во основите од потребите за неговото постоење“, истакна Славчо Неделковски од ДЛС „Свети Кирил и Методиј“ Битола.
Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола на 20 септември 2026 година по 45. пат го распиша најголемиот светски детски ликовен конкурс „Битола“, кој е основа за 46. издание на најстарата светска детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“ 2027 година.








