ilindenski naslovna

Со концерт на светски познатиот Ningbo Symphony Orchestra од Народна Република Кина, синоќа во преполната сала на Центарот за култура во Битола свечено беше отворено 56. издание на Интернационалниот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“.

ilindenski3

Битолската публика имаше ретка можност да проследи настап на оркестар кој редовно гостува на престижни светски сцени. Врвната изведба беше наградена со долги аплаузи, а атмосферата уште еднаш потврди дека Битола знае да препознае и да ја цени високата уметност.

ilindenski4

Свеченото отворање го означи почетокот на уште едно фестивалско издание кое и оваа година ќе донесе богата програма со учесници од земјата и странство. Во наредните денови, „Илинденски денови“ ќе бидат место на средба на различни култури, традиции и народни уметности, претворајќи ја Битола во центар на фолклорот и културната размена.

ilindenski2

Фестивалот и годинава продолжува да ја негува својата повеќедецениска традиција, поврзувајќи народи и генерации преку музиката, играта и културното наследство.

ilindenski1

фотограф | Сашо Ставрев

Понекогаш ја забораваме сопствената вредност
Има една лоша работа во секој од нас. Понекогаш забораваме колку навистина …
Внимателно со зборовите, секој збор има своја вибрација
Текстов  прочитајте го насамо и во себе, размислете, па потоа како вам …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…