keti izlozba

На 9 јули (четврток), со почеток во 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата на лумен принтови „Фрагменти од НАС“ од битолската фотографка Кети Талевска Бакревска.

Изложбата претставува интимно визуелно истражување на жената како слоевито суштество – тело, мисла и дух – изразено преку специфичниот јазик на лумен принтот, фотографски процес во кој сончевата светлина дејствува како коавтор.

Во оваа серија, авторката му дозволува на моментот да се случи природно, да се впие и да остави своја трага. Просторот на изложбата е концептуално поделен на три столба на постоењето, претставени преку три женски силуети, создадени исклучиво со техниката на лумен принтот. Преку светлината, времето и природните процеси, делата отвораат простор за размислување за идентитетот, личното искуство и различните слоеви на човековото постоење.

Кети Талевска Бакревска од Битола е фотографка која работи со алтернативни фотографски процеси, меѓу кои лумен принтови, цијанотипија, класична аналогна фотографија и камера обскура. Нејзиното творештво е инспирирано од природата, светлината и трагите што тие ги оставаат на хартијата, а преку овие техники создава дела кои ги спојуваат фотографијата, експериментот и визуелната поезија.

Досега има реализирано две самостојни изложби и учествувано во повеќе регионални и европски проекти. Често е дел од жири-комисии на фотографски изложби, а преку работилници активно го пренесува своето знаење и искуство во областа на алтернативната фотографија, придонесувајќи за развојот и афирмацијата на оваа уметничка практика.

Никогаш нема да вредите за луѓето кои НЕ МОЖАТ да прават што сакаат со вас
Во животот често среќаваме луѓе кои не нè прифаќаат такви какви што …
Способностите на духовно освестените личности
Сте забележале ли колку е тешко да предизвикате личност која е духовно …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…