Messenger creation EC3D4E3F B136 499A BB41 AA011A9E0200

Кога на сцената ќе се сретнат две големи институции кои повеќе од седум децении го чуваат, негуваат и пренесуваат народното творештво, тогаш не станува збор само за концерти, туку за ноќ во која ќе се спојуваат минатото и иднината, преку песни, игри и врвни професионалци. Се случуваат два големи спектакла насловени „Една ноќ под ѕвездите“.

1000010445

Македонскиот код, преплетувањето на минатото и иднината, Македонскиот национален ансамбл за народни песни и игри „Танец“, по успешно реализираниот велигденски концерт, целовечерниот концерт во Кичево, гостувањето во Турција, Балканскиот фестивал на народни песни и игри и хрватскиот ансамбл на народни песни и игри со над 100 кореографии и успешни концерти низ Балканот, приредуваат заеднички концерт за паметење. Поврзани преку мисијата за зачувување и афирмација на македонското и хрватското културно наследство, љубителите на фолклорот ќе имаат можност да уживаат во нивниот заеднички концерт во Скопје и Битола.

Messenger creation C35212BC 0AC0 400F 8DCA 1D2F98778060

На 8ми јули, со почеток во 20:30 часот, Битола ќе биде домаќин на овој спектакл.Иако првобитно концертот беше најавен на сцената на античкиот локалитет Хераклеја, поради временските услови концертот ќе се одржи во Спортската сала „Боро Чурлевски“, а вратите на спортската сала ќе бидат отворени од 19:30 часот. Промената на просторот не ја намалува уникатноста на концертот, туку, напротив, публиката и понатаму ќе ужива во вечер исполнета со врвни фолклорни уметности.

1000010446

Картите за концертот се достапни на kupikarta.com

Повелете и бидете дел од вечер во која традицијата, музиката и фолклорот ќе зборуваат на најуниверзалниот јазик, на јазикот на уметноста.Бидејќи на 8ми јули Битола ќе биде местото каде што ќе се испише уште една значајна страница за традицијата на два народа.

Елеонора Блажевска

Правилна исхрана за млади спортисти -Клуч за успех и енергија
Правилната исхрана е клучен фактор за развојот и успешноста на младите спортисти. …
Како бескрајното скролување влијае врз вниманието, меморијата и самоконтролата
Во дигиталната ера каде што секој клик, лајк и брз видео носи …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…