Модата претставува повеќе од облека – таа е начин на изразување на индивидуалноста, ставот и внатрешната креативност. Токму тоа се препознава и
во креациите на Маја Стефановски од Битола, каде елеганцијата, внимателно изработените детали и уникатниот пристап создаваат безвременска модна приказна.



„Иако сум дипломиран економист, љубовта кон модата отсекогаш била дел од мене и природно се преточи во креативен израз преку креациите. Верувам дека индивидуалноста и уникатноста се најзначајниот дел од стилот, бидејки токму тие оставаат личен печат.
Особена инспирација пронаоґам во мислата на Iris Apfel: „Korа не се облекуваш како другите, не мора ни да размислуваш како другите”, но и во мислата на Фрида Кало: „Jac сум своја сопствена муза, темата што ја познавам најдобро.” затоа што овие цитати ја отсликуваат слободата на личниот израз и самодовербата“, вели Маја за своите креации.
Моделите се наменети за главно за помлади, за различни свечени прослави, изработени од лесни материјали, во различни бои и текстури прилагодени на обликот на телото со интересни детали кои го дополнуваат целокупниот изглед.

Дел од колекцијата насловена како „Fashion Addiction“ претходно била претставена и надвор од земјата, а наскоро се планира нивно претставување и пред битолската публика.










