viber image 2026 04 15 09 26 55 012

Од Светскиот младински уметнички институт – Центар за УНЕСКО, со седиште во Троа, Франција, информираа дека учениците од Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ – Битола, на годинешното 33. издание на светскиот детски ликовен конкурс на тема „Флора и фауна“, добија 13 индивидуални дипломи за учество, со посебен акцент на нивниот уникатен уметнички пристап.

viber image 2026 04 15 09 26 44 837

Воедно, Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ – Битола, односно претседателот на Управниот одбор, Славчо Неделковски, доби посебно признание за својата 33-годишна активност и соработка со УНЕСКО, од кои 32 години студиото единствено ја претставуваше Македонија.

unesko diplomi 12

Оваа светска детска ликовна манифестација УНЕСКО ја организира веќе 33 години, а ДЛС учествува исто толку време. На годинешниот конкурс пристигнале дела од над 80 земји, со вкупен фонд од околу 8.500 творби. По ригорозните квалификации, само 600 дела ја поминале првичната селекција, по што биле доделени благодарници и признанија.

Втората фаза опфати 300 дела, по што следуваше номинација на 200 ученици за 100 награди – односно избор на најдобрите 100 млади уметници во светот. УНЕСКО ги најави номинациите на 20 март 2026 година, по селекцијата што се одвиваше од 5 до 25 февруари 2026 година, а наградите беа доделени на 14 април 2026 година.

viber image 2026 04 15 09 26 44 809

Ова се учениците кои, во име на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ – Битола, ја претставија Македонија и се здобија со престижни награди и признанија:

Категорија 1 – ученици кои ќе бидат дел од изложбената поставка, со дипломи за извонреден уметнички пристап:
Миа Мицевска, Јована Василевска и Ивана Влкановска.

Категорија 2 – ученици кои добија дипломи и награди за својот цртеж во својата возрасна категорија:
Тамара Стојановски, Сирма Спиркоска, Теа Симоновска, Ана Полизовска, Фросина Полизовска, Андреј Миленковски, Анабела Јовчевска, Јоана Гацовски, Ангела Бошевска и Стефанија Димитријовска.

Сите ученици се меѓу топ 100 во својата категорија.

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ – Битола доби и посебна покана за учество на свечената церемонија за доделување на наградите, како и за учество во работниот дел на изложбата, преку работилници, семинари и состаноци на УНЕСКО, што ќе се одржат од 31 мај до 4 јуни 2026 година, во Espace Argence во Троа, Франција.

„Ова е повторно голем успех и остварување на сонот на нашиот основач, Коста Хаџи-Антоновски. Тринаесет награди и признанија за Македонија, за Битола и за нашето студио претставуваат огромен успех во речиси сите категории на УНЕСКО. Не учествувавме само во категоријата од 18 до 25 години, бидејќи во ДЛС членуваат деца од 4 до 18 години.

Особено сме горди што, по 32 години, во оваа 33-та година и други поранешни наши ученици, со свои школи, ја претставуваат нашата држава – сите тие се ученици на Коста.

Дополнителна радост е што оваа вест доаѓа во период кога активно работиме на 44. издание на светската детска изложба по конкурс „Битола“ и 45. издание на светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“.

Честитки до сите ученици и огромна благодарност до нивните родители за довербата. Мисијата на Коста е жива,“ изјави Славчо Неделковски, претседател на Управниот одбор при ДЛС.

Wolt пристигна и во Битола
Граѓаните на Битола можат лесно да ги нарачуваат своите омилени оброци и …
Не се спуштај на туѓото ниво
Бидeте позитивни кога негативноста ве опкружува. Насмевнете се кога другите сакаат да …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…