ЈКП „Водовод“ Битола успешно ја заврши реконструкцијата на водоводната линија на улицата „Даме Груев“ (крак 1, 2 и 3) во населбата Мал Париз.

Во рамки на зафатот, старата мрежа е заменета со нова полиетиленска линија во должина од 634 метри, при што се изведени и 68 нови приклучоци за домаќинствата.

Со оваа инвестиција се обезбедува поголема сигурност во водоснабдувањето и зголемена ефикасност на системот. Главната цел е намалување на загубите на вода и елиминирање на честите дефекти.

Инвестициите во градската инфраструктура продолжуваат и во наредниот период, согласно предвидената динамика.
Знаци кои ги откриваат злите луѓе според Достоевски
Злите луѓе ретко напаѓаат директно. Тие не викаат, не удираат по маси …
Со чисти раце – а заби ќе миеме?
Вообичена дневна утринска рутина: се будиш сабајле (освен ако си од оние …








