Омилениот писател на многумина, Габриел Хозе Гарсија Маркез, е роден во Колумбија на 6 март 1927 година, а почина на 17 април во 2014 година во Мексико. Во своите романи тој ги внесе деталите за растењето во Јужна Америка. Дедо му го учел нови зборови, а баба му често му кажувала за духови, предзнаци и претчувства. Тие двајцата имаа големо влијание врз неговата литература.
Првиот успех го постигна со книгата “Нема кој да му пишува на полковникот“, објавена во 1961 година. Инспирацијата за својот најпознат роман „Сто години самотија“ ја добил додека се приближувал до мексиканскиот град Акапулко. Обземен од инспирација, тој се затвори во својата соба, почна да пишува и тоа го правеше секој ден полни осумнаесет месеци. Тој го продал својот автомобил и речиси се што поседувал за да може да го прехрани семејството и да купи доволно хартија за пишување, а останатите работи ги заложил. Тој пушел шест кутии цигари дневно додека го пишувал своето најдобро дело. „Не е точно дека луѓето престануваат да ги следат своите соништа кога ќе остареат. Тие стареат затоа што престануваат да ги следат своите соништа“.
Во меѓувреме, она што е актуелно е најновиот роман на Маркез, „До август“ кој го напишал непосредно пред неговата смрт. Неговите синови го прочитале и одлучиле дека е вреден за објавување. Овој роман е длабока медитација за слободата, жалењето, самопреобразбата и мистериите на љубовта – неочекуван подарок од еден од најголемите писатели што светот некогаш ги познавал.
Во спомен на овој добитник на Нобеловата награда за литература, ви пренесуваме десет од неговите најдобри цитати.
„Не е точно дека луѓето престануваат да ги следат своите соништа кога ќе остарат. Тие стареат затоа што престануваат да ги следат своите соништа“.
„Ниту една личност не ги заслужува твоите солзи, а оној што ги заслужува никогаш нема да те расплаче“.
„Утре не е загарантирано за никого, млад или стар. Можеби денес е последниот ден кога ќе ги видите вашите најблиски и затоа не смеете да чекате, ако утре никогаш не дојде. Сигурен сум дека ќе зажалите што денеска ја пропуштивте можноста да се насмеете, гушкате, бакнете и што бевте премногу зафатени за да ја исполните нивната последна желба“.
„Човекот не се раѓа, еднаш засекогаш, на денот кога мајка му го донесе на свет, животот го принудува повторно и повторно – многупати – самиот да се прероди.
„Животот е како приказна, не е важно колку е долг, туку колку е добар. Она што помина веќе го нема, она што ќе биде уште не дојде. Има само една точка каде се спојуваат минатото и иднината. Целиот твој живот е во тој момент. Користи го.“
„Ако жената е вмешана во нешто, знам дека се ќе биде во ред. Апсолутно ми е јасно дека жените владеат со светот“.
„Не постои лек кој може да го излечи она што среќата може да го излечи“.
„Тајната за добро живеење во староста е едноставна – чесен договор со осаменоста“.
„Сите човечки суштества имаат три животи: јавниот, приватниот и тајниот“.
„Возраста ја добива својата реалност само во физичкиот свет. Суштината на човекот е неговата отпорност на времето. Нашите внатрешни животи се вечни, што би значело дека нашите духови остануваат подеднакво младешки и живи како кога бевме во полн цут“.