sara najglasni

Пишува: Сара Танаскоска

Низ животот ќе сретнеме многу луѓе. Некои ќе бидат убави однадвор, но празни во душата. Други, можеби на прв поглед „несовршени“, ќе носат срце полно топлина и човечност. Ќе бидам кратка – сите ние носиме приказна во себе, видлива или скриена, но секогаш присутна.

Сите имаме своја визија за иднината, ставови за сегашноста и по некоја болка за минатото, сето тоа е нормално.

Во многу случаи, токму оние што најгласно судат за другите, најмалку знаат за нивната вистинска борба. Лесно е да се создаде мислење додека гледаме од страна, но животот ретко е онаков како што изгледа. Зад секоја насмевка може да стои болка, зад секој успех некоја жртва, а зад секоја тишина по некоја приказна што никој не ја слушнал.

Многупати сум седела на маса каде луѓето зборуваат со сигурност за работи што никогаш не ги искусиле. Советуваат, осудуваат и поставуваат граници за туѓите животи, заборавајќи дека времето има чудна навика да ги враќа зборовите таму од каде што тргнале. Понекогаш не сме свесни дека ако плукнеме нагоре, тоа по некое време може да ни се врати право во лице.

Животот знае да нè стави во ситуации кои некогаш сме ги осудувале, само за да нè научи на разбирање и скромност. Тогаш сфаќаме дека зрелоста не значи да имаме мислење за сè, туку да знаеме кога треба да замолчиме и да слушаме.

Вистинската вредност на човекот не се гледа во тоа колку знае да зборува, туку колку знае да разбере. Луѓето со најголемо знаење ретко имаат потреба да го докажуваат. Тие знаат дека секој човек води битка што не се гледа со голо око.

На крајот, животот секогаш ја држи последната лекција. А таа обично гласи дека почитта кон туѓото искуство и скромноста кон сопственото незнаење се единствените дипломи што навистина вредат.

Марија Стојановска најдобар оратор на УКЛО ТРИВИУМ 2026 
Во организација на УСС УКЛО, на 29 април 2026 година се одржа …
Морето го менува начинот на кој размислуваме – и тоа е научно докажано
Научниците открија дека морето има длабоко влијание врз нашиот мозок и ментално …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Стефанија Шаркоски: Македонија – земја на тивката болка и гласниот дух

Македонија. Земја мала по големина, но голема по срце. Народ кој знае…