pinokio

Битолскиот театар со нова премиера „Пинокио“, по делото на Карло Колоди и во режија на Деан Дамјановски. На прес конференција директорот на НТБ Битола, Васко Мавровски, ја претстави програмата за 2026 година и потврди дека установата ќе работи со делегиран буџет од 6.458.000 денари.

Според одлуката на Управниот одбор и препораките на Уметничкиот совет, во 2026 година ќе се реализираат девет нови театарски проекти, три меѓународни гостувања и активности за одржување на објектот. Дел од проектите се со сопствено финансирање или копродукции.

Најавена беше и соработката со познатиот илустратор Михајло Димитриевски, кој го изработува визуелниот идентитет и дизајнот на билетите за претставата.

Новата детска претстава „Пинокио“ ќе има премиера на 28 февруари од 18 часот. По точно 30 години, улогата на Пинокио повторно добива нов лик – актерот Никола Стефанов, додека Валентина Грамосли, која во 1994 година го играше Пинокио, сега се појавува како Штурецот.

Режисерот Деан Дамјановски истакна дека претставата носи силна порака за изборите што ги правиме во животот и за враќањето на вистинскиот пат. Тој нагласи дека процесот бил особено значаен поради синтезата меѓу професионални актери и младите учесници од Театарската школа „Бабец“, кои со голема посветеност го збогатуваат проектот.

Актерот Никола Стефанов рече дека улогата на Пинокио за него претставува силно и лично актерско искуство, кое им пренесува на децата важни пораки за искреност и храброст. Валентина Грамосли додаде дека улогата на Штурецот – совеста на Пинокио – е предизвик и чест, потенцирајќи ја важноста од вистинските избори во животот.

Во претставата играат и Марјан Георгиевски, Јулијана Мирчевска, Маја Андоновска Илијевски, Катерина Аневска Дранговска и Александар Димитровски, со музика на Марјан Неќак и сценографија на Сергеј Светозарев.

Секогаш најдете време за луѓето кои ги сакате
Во овој забрзан свет, често забораваме на најважните работи – луѓето кои …
Здравје во боја – овошја што го разладуваат телото и ја хранат душата
Летото е време кога нашето тело природно бара повеќе течности, лесна храна …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…