mal bitolski monmartr 2024 36

Членовите на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола второто полугодие од школската 2О25/2О26 година го започнаа со нови награди.

Музејот од градот Голести во Романија ги објави резултатите од 15. Издание на светскиот детски ликовен конкурс на кој од се доделуваат само 12 награди во 4 возрасни категории.

Конкурсот е под покровителство на министерството за култура на Романија и оваа година учествуваа над 35 земји кои формираа фонд од над 5.ООО цртежи.

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола учествуваше со 15 цртежи на тема “Приказните со кои растевме и сме опкружени во нашето секојдневие” a меѓународната жири комисија со бронзен медал – трето место во возрасната категорија од 12 до 15 години ја награди Бојана Стефановска.

Ова е голем успех ако се знае дека конкуренцијата со оглед на квантитетот на делата е огромна а оценката и наградувањето е со високи стандарди на жири комисијата.

Воедно беа објавени и резултатите од 27. Издание на светската детска ликовна изложба по конкурс “Светски младински ликовен конкурс” од Нова Загора – Бугарија. Проектот е со поддршка од министерството за образование.Оваа година учествуваа 35 земји кои генерираа фонд од 2.795 детски цртежи од кои жири комисијата додели 581 диплома и тоа 537 за млади талентирани уметници – 16 за колекции и 28 за професори.

1000009303

Наградени ученици кои твореа на слободна тема се 4 членови на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола и тоа: Миа Мицевска, Ангела Бошевска, Андреј Миленковски и Софија Настовска.

“Ние како организација сме презадоволни од оценките и наградите кои ги добиваат нашите членови. 2О26 година започна одлично. Не очекуваат резултати од уште 2О конкурси а работиме на уште 3О. Воодушевува фактот што учениците кои редовно биле наградувани повторно преку награда го потврдуваат својот ликовен талент но и дека новите членови по само четири месечна активност во студиото добиваат награди. Тоа е концептот кој не мотивира дека работиме по исправната формула на успехот.Воедно скоро е и март. До 2О март ќе го знаеме форматот на јубилејното 45 издание на светската детска ликовна колонија “Мал битолски Монмартр” за кој можеме само неформално да најавиме дека потврдени засега се 17 делегации од 16 држави или 12О учесници а имаме уште 2О дена до рокот кога очекуваме одговори од други учесници.Искрено се надеваме на јубилеј со многу рекорди.” – истакна Елена Хаџи-Антоновска од ДЛС.

Секогаш најдете време за луѓето кои ги сакате
Во овој забрзан свет, често забораваме на најважните работи – луѓето кои …
Здравје во боја – овошја што го разладуваат телото и ја хранат душата
Летото е време кога нашето тело природно бара повеќе течности, лесна храна …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…