stefan n

Стефан Ѓорѓиевски – повеќекратен мотокрос шампион на Македонија за 2025 година. Младиот и талентиран мотокросист од Битола, Стефан Ѓорѓиевски, ја заокружи 2025 година со нов голем успех – ја освои титулата државен шампион во мотокрос (MX 85 класа). Со сигурно возење, константна форма и одлични резултати во текот на целата сезона, Стефан уште еднаш докажа дека е еден од најперспективните млади спортисти во Македонија.

stefan3

Тој е ученик во ООУ „Тодор Ангелевски“ – Битола, VIII-2 одделение, и успешно ги усогласува училишните обврски со спортската кариера. Неговата посветеност, дисциплина и страст кон мотокросот донесоа серија победи и подиуми, со што оправдано ја носи титулата шампион и го прави Битола горда.

Успехот на Стефан претставува силна мотивација за многу млади спортисти, а неговата кариера најавува уште поголеми достигнувања во годините што следат.

stefan 2

Иако зад себе има бројни успеси, Стефан досега настапува без спонзорска поддршка, вложувајќи сопствени средства во својот спорт. Тој се надева дека во блиска иднина ќе добие соодветна поддршка што ќе му овозможи уште поголем развој и нови спортски победи.

stefan4
Правилна исхрана за млади спортисти -Клуч за успех и енергија
Правилната исхрана е клучен фактор за развојот и успешноста на младите спортисти. …
Како бескрајното скролување влијае врз вниманието, меморијата и самоконтролата
Во дигиталната ера каде што секој клик, лајк и брз видео носи …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…