До Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола простигнаа и резултатите од престижната Меѓународна изложба на уметност за деца “Fragrance of Art Buds” во своето 43 издание за 2О25 година.


Овој настан кој е од исклучително значење за детското сликарство затоа што е во организација на Министерството за култура на Индија а секоја година во чест одбележување на годишнината од индиската независност и истиот има за цел да ги прослави креативноста и талентот на младите уметници од целиот свет.
“Fragrance of Art Buds” 2О25 е повеќе од обична изложба – тоа е прослава на уметничкиот дух и креативната извонредност.

“Ние како организација имаме долгогодишна три декадна плодна соработка со овој светски детски ликовен конкурс во Индија кој генерира и изложба која во текот на една календарска година патува низ секоја провинција во земјата организатор но и низ целиот азиски континент.

Особено чест ни е што оваа година од испратените 15 детски ликовни творби на слободна тема од исто толку членови на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола a со високи награди се здобија 7 наши ученици.
Со златен медал “Винсент Ван Гог” т.е. прво место во апсолутна категорија е наградена нашата ученичка Ана Марија Спировска. Златен медал со учество на претстојната изложба од страна на меѓународната жири комисија и се додели на Сирма Спиркоска исто така наша долгогодишна членка.


Оваа награда организаторот во името и на Министерството за култура на Индија ја доделува во чест на Раја Рави Варма кој е еден од 1О-те основачи на овој конкурс.
Со престижната награда “Fragrance of Art Buds” за 2О25 година се здобија нашите ученици, Анабела Јовчевска, Сара Сотировска, Ивана Влкановска, Луна Петковски и Јана Мојсовска.



Овој огромен успех е потврда на нашата посветеност и мисијата на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола кон промоцијата на своите ликовни таленти како и нашиот град Битола и Македонија.” – истакна Славчо Неделковски од ДЛС.
“Fragrance of Art Buds” како концепт на конкурс и изложба во светот на детското ликовно сликарство се појави за прв пат пред 43 години т.е. во 1982 година и во своите први 15 години беше од национален карактер.
“Конкурсот во Индија за нас е голем предизвик. По 43 години постоење жири комисијата има полни раце работа како само од Индија пристигнаа 2О.ООО детски ликовни цртежи кои успеале да ја поминат ригорозната селекција што говори дека оваа цифра во реалност е огромна.
Меѓународното учество како ко-организатори на настанот се Министерството за култура на Индија и Владата на Индија е предизвик сам за себе.
Оваа година процесот на селекција го поминаа само школи од Унгарија, Бугарија, Кина [ Хонг Конг ], Словенија, Литванија, Латвија, Македонија, Романија, Србија и Словачка затоа што максималниот дозволен број на странски земји учеснички е околу 1О.
Чести ни е што сме избрани и наградени како единствени претставници на својата земја и тоа 3О години по ред учество.

Воедно организаторот упати и посебна Диплома за оддавање почести со Покана кон нашата претседателка Елена Хаџи-Антоновска да присуствува на отворањето на изложбата во Њу Делхи – Индија што е исто така огромно признание кон активностите на Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола. – истакна Неделковски од ДЛС.








