ad esm dijabetis

Во пресрет на 14 ноември – Светскиот ден на дијабетот, Самостојниот синдикат на работниците од Енергетика, Рударство и Индустрија на Р. Македонија (ССЕРИ) при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, во Подружница РЕК Битола организираше видео презентација посветена на справувањето со состојбите поврзани со дијабетот на работното место.

Според претставниците од Сојузот на дијабетичари на Македонија, кои остварија интерактивна средба со присутните работници, најголемиот број регистрирани лица со дијабет на подрачјето на Битола се токму вработени во Комбинатот.

Во презентацијата, д-р Џулијана Михајловска, ендокринолог при Клиниката „Жан Митрев“, ги опфати основните начела на ова заболување, кое е сè помасовно застапено не само во земјава, туку и во светот. Презентацијата содржеше и конкретни насоки за тоа како да се реагира доколку кај лице со дијабет се појави состојба поврзана со болеста, како и начини тоа лице само да си помогне. Едукацијата беше наменета и за дијабетичари и за останатите вработени – како да препознаат и да помогнат на колега, иако самите не го имаат заболувањето.

ad esm dijabetis2

Со цел континуирано информирање на засегнатите, од Здружението беше иницирана соработка преку видео туторијали, како модерен и практичен начин на едукација. Така, вработените во РЕК Битола ќе можат навремено да бидат информирани, едуцирани и постојано да ги надградуваат своите знаења во борбата со дијабетот.

Основата на борбата со ова заболување е правилната исхрана, редовната физичка активност, свесноста за сопствената состојба и континуирано надградување на знаењето. Бидејќи секој организам е различен и реагира на поинаков начин, колку подобро човек се самоспознава, толку е помал внесот на потребните инсулински единици.

Триото Интерарт настапи во Рим – македонската камерна музика на сцената на Teatro di Marcello
Камерното трио Интерарт од Битола оствари значаен меѓународен настап во Рим, каде …
Три европски дестинации за незаборавно есенско патување
Доколку сакате патување полно со нови искуства, живописни пејзажи и автентична култура …
You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…