izlozba

Во рамките на проектот „Денови на влашката култура“, што го реализира Здружението за права и хуманост ИНТЕГРА НАУ од Скопје, на 27 септември во Битола ќе се одржи изложбата на стари фотографии „СЛИКИТЕ СВЕДОЧАТ“. Настанот ќе се реализира во Националната и Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ со почеток од 17 часот.

viber image 2025 09 15 20 54 57 761

На изложбата ќе има фотографии од секојдневието на Власите: Грамостеањ, Фаршироц и Москопољеањ, од нивните  различни животни активности: работа со стока, домашни работи, веселби, собири по различни поводи.

Во истата изложба ќе најдат место  и фотографии од предмети кои Власите ги користеле во минатото.

На настанот ќе бидат изложени 64 фотографии кои, во најголема мера датираат од почетокот на минатиот век, односно од 1900 до 1940,  но има и неколку постари фотографии од крајот на 19 век, а има и некои понови фотографии.

Ќе се изложат и влашки носии од различни краеви на Македонија односно, од источниот дел на земјата:  Штип, Св. Николе, Велес, Куманово, а ќе има градски носии и од Битола и Крушево. Вкупно ќе има околу 10  женски, машки и детски носии, а ќе има и  простирки и ткаенини  кои се користеле за шиење на арари, вреќи, бисаги и торби. Исто така ќе бидат изложени и поделикатни платна кои се користеле за покривање на лебот во периодот на стасување и носење за печење во фурна, како и за чување на испечениот леб.

Како дел од програмата, гостите ќе може да проследат и видео-интервјуа со млади Власи кои зборуваат за значењето и иднината на влашкиот јазик.

Ова е третата од шесте активности во рамките на проектот „Денови на влашката култура“. Претходно во Скопје беа одржани мултикултурна поетска вечер и првата изложба „Сликите сведочат“, а во следниот период активностите продолжуваат во Крушево и Штип, како и со детски културни смотри во Скопје.

Датум и место:
📅 27 септември 2025 (сабота)
📍 Национална и Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола
🕔 Почеток: 17:00 часот

Претседател на ЗПХ ИНТЕГРА НАУ, М-р Јана Михаилова
Потпретседател на ЗПХ ИНТЕГРА НАУ, Марија Николова

5 причини да јадете смокви: Богати со влакна и антиоксиданси
Смоквите се плод на дрвото фикус, кое е дел од семејството на …
Учење од тешките ситуации и надеж кон иднината – четири карактеристики на отпорните (стабилни) личности
Отпорна (стабилна) личност значи повеќе отколку да се има силна личност. Вистинската …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…