Василевска

Автор: Ангелина Василевска, психолог и образовен асистент за деца со посебни потреби

Самодовербата е верување во себе, во своите способности, квалитети и размислувања. Таа е дел од сечиј човечки дух. Самодовербата е неразделно поврзана со чувството за лична вредност, што значи дека колку повеќе веруваме во себе, толку повеќе се вреднуваме себеси. Исто така друга особина која што е тесно поврзана со самодовербата е самопочитта.

Тоа значи дека кога имаме самодоверба градиме и самопочит кон себе. Самодовербата се поврзува и со нашите емоции: љубов, успех и среќа. Кога сме полни со самодоверба веруваме дека сме вредни за љубов, дека заслужуваме да бидеме сакани. Успехот исто така е поткрепен со нашата самодоверба. Секојдневно се бориме да постигнеме повеќе, да го извлечеме максимумот од себе со цел да сме поуспешни на секое поле.

Среќата исто така се наоѓа во нас самите. Кога имаме самодоверба се чувствуваме среќни, полетни, радосни, му даваме смисла на животот. Секој од нас е различен и располага со различна самодоверба. Самодовербата се манифестира најмногу преку нашите однесувања и преземени акции во нашето секојдневие. Таа е основна човечка мотивација. Не бодри, ни дава храброст да ги пребродиме потешкотиите и да се снајдеме низ лавиринтот наречен живот.

Никогаш не е доцна или погрешно да се побара помош од психолог доколку имате проблем со самодовербата. Научете да ја градите самодовербата однатре, за да се манифестира истата однадвор. Самодовербата игра клучна улога во развојот и самореализацијата на секоја индивидуа. Токму затоа верувајте во себе. Блескајте од самодоверба, направете од својот живот успешна приказна. Бидејќи самодовербата ни дава внатрешен мир, позитивност и оптимизам.

Верувајте во себе и другите ќе веруваат во вас. Токму затоа како психолог но и како обична индивидуа ви препорачувам да си ја облечете својата „самодоверба” и гордо да ја носите секогаш и секаде со себе, бидејќи таа е најдобриот „аутфит” со кој секогаш ќе бидете „ин”.

meblo trejd stupcina
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…