termometar

Деновиве ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, а температурите ќе се искачат до 39 степени.

Иако изложувањето на сонце има значителни здравствени придобивки, за жал, со климатските промени, топлотните бранови се сѐ почеста појава и сè подолги и потопли. А ризикот на човековото здравје рамномерно се зголемува.

Избегнување на изложување на сонце

Најважниот чекор е да се држите подалеку од сонце со престој во затворен простор или во засенчена област во најжешките часови од денот-помеѓу 11 и 17 часот.

Соодветен третман при изложување на сонце

Изберете поладна и пократка рута до крајната дестинација.

Кога сте на директна сончева светлина, по ваша проценка, покријте го видливиот дел на телото носејќи светла и широка облека и очила со УВ заштитен фактор.

Редовно нанесувајте крем за сончање со најмалку 30-заштитен фактор (по потреба, консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт). При нанесување на крем за сончање, покрај нанесување на лицето, не ги запоставувајте и други откриени делови на телото,  деколтето, ушите и вратот.

Покријте ја главата со капа која ќе овозможи комплетна засенченост на ушите, носот и вратот, или, користете чадор со бела боја. Исто, лепезата може да биде добра алатка во справувањето со топлината.

Не заборавајте да правите редовни паузи во затворени простории или во засенчени места за да избегнете топлотна исцрпеност или топлотен удар.

Можете да понесете со себе спреј со вода или шише со вода и повремено да прскате или мануелно (рачно) да нанесете. Алтернативно, да ставате ладни облоги.

Измијте ги рацете, вратот и нозете почесто. Изложувањето на вода на овие регии ќе придонесе за брзо и ефикасно ладење.

518390844 1038905048408108 3333506738811090736 n
518399619 1038918741740072 2478865810738246995 n
Скопскиот џез-фестивал: 45 години музика без граници
Пишува: Сара Танаскоска Не мора секогаш да ја разбереме музиката за да …
Оној што гледа со сомнеж лесно може да почне да мрази човек – Свети Филарет Московски за осудата
Треба да ни биде потешко да ги судиме луѓето, отколку да ги …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…