Четвртата и последна вечер на Локум Фест 2025 понуди богата музичка програма и уникатни настапи од четири различни земји.
Фестивалот започна во Магазата со Reggetiko Project од Грција – проект што спојува уметници со различни музички корени и импровизаторски дух. На улицата Рузвелтова продолжи со сибирската фолк група Vedan Kolod, позната по својата автентична музика и интернационални успеси.
Публиката уживаше и во енергичниот настап на Balklavalhau од Португалија – бенд инспириран од балканските, турските и блискоисточните музички традиции.
Големото финале го затвори легендарниот Кочани Оркестар, предводен од трубачот Неат Велиов, со настап кој ја разигра публиката и ја заокружи оваа незаборавна фестивалска приказна.
Фотограф: Саше Богоевски











































Најромантичните зимски филмови за студени вечери
Зимата е годишно време создадено за топло ќебе, шолја чај или топло …
Научници открија неочекувана причина за висок крвен притисок: Не е поврзана со стресот ниту со килограмите
Високиот крвен притисок долго време се поврзуваше со стресот, прекумерната тежина и …








