Христос Воскресе! Навистина Воскресе!
Со овој радосен поздрав, точно на полноќ, храмот „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола одекна од гласовите на стотици верници кои со запалени свеќи и радосно, го дочекаа најголемиот христијански празник – Воскресение Христово.

Митрополитот г. Петар ја објави радосната вест за Христовото Воскресение. Звукот на камбаните што ѕвонеше низ ноќта ги потсети присутните дека Велигден е празник на победата на животот над смртта, на светлината над темнината, на надежта која не згаснува.

Овој Велигден, како и секогаш, ги обедини срцата на верниците во молитва, благодарност и заедништво – потсетувајќи нè на силата на верата и воскресенската радост што нè води низ секојдневието.
Ефикасни начини да го разубавите вашиот ден кога ништо не ви оди по план
Дали некогаш се чувствувате лошо, иритирано и не сте расположени да правите …
Само несреќните имаат потреба да повредат други
Посакај му среќа на секого. Апсолутно на секого. Без исклучок. На добри …








