jazz festival vtora vecer 14

Втората вечер на „Џез Фактори“ фестивалот во Битола беше резервирана за настапот на триото на пијанистот Jaume Miquel од Кралството Шпанија. Триото комбинира традиционален и модерен џез, а неговите членови се искусни музичари кои имаат настапувано со џез великани како Kurt Rosenwinkel и Dave Holland.

Фотограф: Александар Георгиев

По нивниот настап следуваше изведбата на саксофонистката и композиторка Swantje Lampert, која во текот на денот одржа и работилница со млади џез музичари. Нејзината музика претставува инспиративен спој на класичен и современ џез стил.

Последниот ден од фестивалот е резервиран за Годишната конференција на Асоцијацијата на џез фестивали, со цел размена на искуства и поддршка на европскиот џез. Конференцијата се реализира во соработка со Здружението Пелагонија, како платформа која создава нови можности за уметници, организатори и публика.

Во 20 часот, во Битолскиот народен театар, ќе биде доделена наградата „Гоце Димитровски“, која се доделува во чест на еден од најзначајните македонски џез музичари. Целта на ова признание е да поддржи и инспирира нови генерации џез артисти.

Оваа година, наградата оди кај Теодор Јаневски, дипломиран џез тапанар од Џез одделот на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
Наградата традиционално се доделува во соработка со Општина Битола.

Досегашни добитници на наградата „Гоце Димитровски“:

  • 2020: Александар Ванчовски – тапани
  • 2021: Филип Динев – гитара
  • 2022: Александар Бошков – гитара
  • 2023: Јован Цветковиќ – пијано
  • 2024: Давид Скерлевски – пијано

Концертната програма започнува со КОД 369 – битолски џез-фјужн проект со модерен звук и иновативни композиции. Бендот, ексклузивец на најреномираната хрватска издавачка куќа Кроација Рекордс, стекна популарност со својот деби албум и уникатниот пристап кон џез музиката.

Потоа следува настапот на JFF Little Big Band под диригентство на Тони Китановски од Македонија – проект на Џез Фактори фестивалот, кој изведува композиции на истакнати македонски џез автори. Под негово водство, ансамблот обединува некои од најталентираните млади македонски џез музичари.

Патувањата се мелем за душата
Пишува: Сара Танаскоска Кога и да патувам некаде, дома се враќам со …
Карактеристики на реализирирана жена – според рускиот психолог Лабковски
Михаил Лабковски е руски психолог, писател, ТВ и радио презентер. Успеал да …
You May Also Like

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Нетлените мошти на Свети Спиридон имаат постојана температура од 36,6 степени

Телото на Свети Спиридон поради чистотата и богоугодниот негов живот го победило…