Група кошаркарски ветерани од Крањ, Словенија, престојуваше два дена во Битола и одигра пријателски натпревар со ветераните на Битола.
Натпреварот се одигра во пријателска атмосфера во спортската сала на Гимназијата „Јосип Броз Тито“, а резултатот беше во втор план.
Се разменија пригодни подароци, како и по некоја лименка пиво.
Ветераните од Крањ секоја година посетуваат по еден европски град каде одигруваат вакви пријателски натпревари.






Битолските ветерани добија и отворена покана да гостуваат во Крањ при некоја наредна прилика.
За инклузивна Битола: 300 пораки за почит, поддршка и еднаквост
По повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, ЦПЛИП …
Најромантичните зимски филмови за студени вечери
Зимата е годишно време создадено за топло ќебе, шолја чај или топло …








