Денес, климатските промени се едно од најголемите глобални прашања, но дезинформациите играат значајна улога во отежнувањето на усвојувањето на ефективни политики за справување со овој сериозен проблем. Несомнено дека лажните вести, без разлика за која сфета зборуваме имаат дирекнто влијае на јавното мислење. Кога зборуваме за данокот кој го плаќаме во облик на климатски промени и сите дезинформации поврзани со овој проблем, јасно е дека во одредени моменти ги отежнува напорите на владите и меѓународните организации за донесување на одлуки што ќе резултираат со вистинска климатска акција.
Како дезинформациите влијаат на политиките за климатска акција?
Дезинформациите во контекст на климатските промени имаат сериозно влијание на политиките кои се донесуваат за справување со оваа криза. Прво, тие ја намалуваат свесноста за сериозноста на климатските промени, што доведува до одложување на неопходните акциите. Второ, дезинформациите создаваат конфузија и недоверба во научните истражувања и владините мерки, што може да доведе до резултат кога јавноста директно има влијание врз изборните процеси.
На пример, кога се шират наративи дека „климатските промени се природен процес“, или дека „научниците не се согласуваат“, многу граѓани стануваат скептични и го намалуваат притисокот врз политичарите да преземат акција. Во некои случаи, ова создава политички хаос, бидејќи изборни кандидати можат да манипулираат со овие дезинформации за да ја добијат поддршката на гласачите, наместо да се фокусираат на предизвиците кои произлегуваат од климатската криза.
Пример за политички манипулации со дезинформации
Еден од најочигледните примери на тоа како дезинформациите влијаат на климатските политики е случајот со политичките кампањи на некои земји кои активно шират лажни информации за климатските промени. Многу политичари кои се поддржани од нафтени и други индустриски лобисти создаваат сомнежи за научните податоци. Овие лобисти често инвестираат во политички кампањи кои ги негираат климатските промени или најавуваат лажни решенија како што е „технологија која ќе ги реши сите проблеми“ без потреба за драстична промена на начинот на живот.
Во 2015 година, за време на климатските преговори во Париз (COP21), некои медиуми и политичари ја ширеле тезата дека „технологијата ќе го реши проблемот“ и дека нема потреба од строгите регулации за намалување на емисиите. Оваа стратегија често се користела како алатка за да се ублажат политичките притисоци и да се одложат или минимизираат политиките кои вклучуваат намалување на зависноста од фосилни горива.
Дезинформациите и меѓународните договори
Дезинформациите не влијаат само на национално ниво, туку и на меѓународните договори и иницијативи за климатска акција. Пример за тоа е влијанието на дезинформациите врз мировните преговори за климатските промени. Многу држави, особено оние кои зависат од индустриите базирани на фосилни горива, го користат ширењето на сомнежи за климатските научни истражувања како начин да ги оспорат обврските на глобалните договори, како што е Парискиот договор.
Противењето на Парискиот договор од страна на одредени земји, како што беше случајот со одлуката на САД да се повлечат под администрацијата на Доналд Трамп, беше делумно засновано на наративите на климатските скептици и лажните тврдења за нејзината економска штетност.
Како да се справиме со дезинформациите?
Првиот чекор во борбата против дезинформациите е јасно дефинирање на фактите и убедливо комуницирање на научните докази. Важноста на едукацијата не може да се пренагласи – ако граѓаните се научат како да ги препознаат дезинформациите и да бараат информации од релевантни извори, шансите за ширење на лажни вести значително ќе се намалат.
Еден од начините за борба против дезинформациите е преку јавни кампањи кои ја нагласуваат вистинитоста на климатските научни откритија и важноста на итните мерки. Покрај тоа, новинарите и медиумите имаат клучна улога во проверката на фактите и обезбедувањето на јавноста со точни и проверени информации.
Дезинформациите во врска со климатските промени не само што ја мешаат јавната свест, туку имаат и директно влијание на политичките одлуки кои треба да се донесат за борба против климатската криза. Тие го забавуваат напредокот на меѓународните напори за климатска акција и создаваат политички притисоци кои го отежнуваат донесувањето на потребните мерки. Како општество, мора да работиме на намалување на влијанието на дезинформациите, преку едукација, проверки на фактите и активно поддржување на политичките акции засновани на научни докази.