vesna mundusevska vel

Сакам да се навраќам на поезијата на Весна Мундишевска – Велјановска, од причина што ми е  блиска до мојата чувственост – коментирајќи ја во неформален уметнички разговор, се сложивме дека нејзината поезија е космичка. Има огромни универзални вистини кои ги напишала на едноставен начин, кои допираат, чинам до секое отворено срце и ум. Оваа година Мундишевска – Велјановска, а по некоја интересна случајност во наводници ја крстиле Весна – пролет, будење, новина, пресоблекување, шареноликост, таа пред 30 години ја  објави нејзината прва книга поезија.

vesna mundusevska vel03

Особено сум среќна што нејзината поетска книга „Срцевина“  во 2016 година ја објави двојазично, на македонски и на влашки јазик – така што, она што замрува во секојдневието, останува во вечноста. 

vesna mundusevska vel04 e1711030282458

Поезијата не се анализира, таа се чувствува. Дајте си време на себеси додека ги читате извадоците, ако посакате уште, тука сме.

***

Не гибајте ми во рајот

зошто Сонцето

ќе ми го вознемирите

па ќе земе место в небо

в земја изгревот

да го фрла.

Затоа не земајте ми го милото

штом видите в бескрај

прегратка кај шири

зошто само љубува проѕирното

мое небо

да слушне.

Оставете ме во рајот

низ  дождот виножита

да чекам

на колема да им седнам

и заедно утра да гледаме

водата кај раѓа.

ПАТ

Небото се отвори

и почна да паѓа.

Јас ги испружив рацете

да го пречекам, па

на рамења го ставив

таму да почива.

Се разбудив.

Го кревам погледот

И сонливо мислам

Сепак, мојот пат води кон тебе Небо.

ВБРОЈУВАЊЕ

Ѝ плескаа шлаканици

брановите,

а таа упорно

ги гушкаше.

Пенеа зоврени

времињата,

таа по сонце

нуркаше.

Гневни на брегот

ја исфрлија

таа

живуркаше.

Се удави

во обичноста,

сред школките во песокта

ликуваше.

УТРО НА ЖИВОТОТ

Како што на птицата

Зборот ѝ е песна,

како што шепотот

на ветерот е молба

како што дождот

на небото е солза,

така Сонцето е среќа

на срцето мое,

на утрото мое

Сонцето Деница е.

Како вистински да се одмориме за време на летниот одмор
Во време кога продуктивноста се вреднува повеќе од одморот, сè повеќе луѓе …
Луѓето што те повредуваат се всушност твои учители
„Никој ништо не ти прави; сè си правиш сам на себе. Илузијата …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Четири книги кои ќе ви помогнат за личен развој

,,The magic of thinking big” – ,,Магијата на големото размислување” од Дejвид…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Биљана Т. Димко: Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Т. Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…