pero bogomil

Пат

Врз царските друмје езделе

само разузданите коњи на пороите

и по некое нејавено муле врз чиј грб чудотворно

иконите скитале од еден манастир до друг.

(Кој ли светец тоа ги мешал картите?)

Сега ни копито, ни дожд.

Тоа белутракот само сека по навика –

Јалова молња зад молчаливи кипариси.

Ноќ

Сонцето одби на сите свои ѕвона и клепала.

Откога ги затвори сите портите и видиците

денот  завршува и почнува со полноќ.

Ноќ црна како прстите на клисарите.

Само врз раскошната трпеза на ведрото небо

Засјаи на скелетот на православната риба.

Глувотија. Паднатите ѕвезди цврчорат во морето.

Одвреме навреме тап удар како со топуз –

еден очаен старец си ја удира главата од дрво.

Манастир

Ѕидиниве зар против гарваните, шакалите и варварите?

Внатре светот е голтнат, тврдата семка на бога,

исколваните бобинки на лаворот

горчливата болка на олеандрите.

Затоа во замандалената палата на срцето

Реват лавови и змејови блујат оган,

а насушната песна што сама од грло се испушта

е Славата, Словото, непринудената молитва.

Напаати само грчењето под чекреците на сонот

(тоа ѓаволот го грицка неумоливо вечното злато)

ја испушта клетвата сама низ уста –

ждригнато парче од несварената дивина.

Црква

Допирот и целивот овоплотуваат сè

ко неракотворениот лик на Исус

во тврдава и строга

белутрачна светлина

„Не се враќам истата, се враќам посилна“ – Маја Атанасовска ја истрча својата прва трка по третото породување
Минатата година ја воодушеви јавноста кога истрча 21 километар додека беше бремена, …
Бутин: За македонскиот јазик или книгата не се суди според корицата
Македонскиот современ јазик во првата четвртина од дваесет и првиот век е …
You May Also Like

Четири книги кои ќе ви помогнат за личен развој

,,The magic of thinking big” – ,,Магијата на големото размислување” од Дejвид…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Котевска Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…