Македонската книжевност за деца и млади е збогатена со уште една фантастична книга за деца „Последниот лист гитарист“ од м-р Даниела Петровска, која е професор по Македонски јазик и литература во СОУ Гимназија „Јосип Броз – Тито“ – Битола.
Промоцијата на книгата е закажана за 27 декември, во 12 часот, во Малата сала на НУ Центарот за култура во Битола.
Во книгата е сместена поезија и куси раскази, кои во соработка со одделенските и предметните наставници можат да ја збогатат наставата не само по македонски јазик, туку и по другите општествени предмети, бидејќи на учениците им е дадена можност при читањето функционално да размислуваат и да коментираат, со оглед дека авторката е инспирирана од секојдневните предизвици на денешните деца.
Промотори на книгата се: д-р Анита Ангелевска, м-р Симона Петровска и Биљана Т. Димко.









