Никола Тесла (1856-1943) е еден од најголемите научници на сите времиња, кој за жал, признанието го добил после својата смрт.
Ја откри наизменичната струја, а неговите пронајдоци придонесоа за развој на безжична комуникација, ласери, рентген, радар, осветлување, роботика…
Еве дел од неговите мудрости:
- Нашите доблести и нашите неуспеси се неразделни, како силата и материјата. Кога ќе се разделат, нема веќе човек.
- Оставете ја иднината да ја каже вистината, судете го секој човек според неговата работа и заслуги. Сегашноста е нивна, но иднината е моја, за која толку напорно работев.
- Човекот мора да практикува умереност и контрола на своите сетила и склоности во секој поглед, за да се задржи себеси млад по телото и умот. Воздржаноста не беше секогаш по мој вкус, но моите искуства беа голема награда.
- Човекот е роден да работи, да страда и да се бори. Кој не го прави тоа, мора да пропадне.
- Проучив многу јазици, студирав литература и уметност и ги поминав моите најдобри години во библиотеки читајќи се што ќе ми дојде до рака и чувствував дека губам време, но набрзо сфатив дека тоа е најдоброто нешто што некогаш сум го направил.
- Од сите „сили на триење“, онаа што најмногу го забавува човечкиот напредок е незнаењето, она што Буда го нарекува „најголемото зло на светот“.
- Најважниот производ на креативниот ум е пронајдокот. Неговата крајна цел е умот да ја разбере природата и да ги искористи нејзините моќи за потребите на човештвото.
- Ако се обидам да продолжам да го прекинам текот на мислите, чувствувам вистинска духовна мачнина, тогаш неволно се префрлам на друга работа, изненаден од свежината на мојот ум и леснотијата со која ги надминувам пречките кои претходно ми ги расипуваа пресметките. И редовно наоѓам одговори на тешки прашања со минимален напор.
- Ако не знаете како, набљудувајте ги феномените на природата, тоа ќе ви даде јасни одговори и инспирација.
- Ако вашата омраза може да се претвори во струја, ќе го осветли целиот свет.

Младите кошаркарски надежи на „Младост“ повторно нов предизвик во Грција
На покана од реномираниот грчки кошаркарски клуб Edessaikos BC од Воден, младите …
Ако сте станале лоши за некого – значи дека сте направиле премногу добро за него
Во човечките односи постои еден парадокс кој е тешко да се игнорира: …








