офицерски

Во рамките на годишната програма на ЈОУ КИЦ Битола, а во духот на едукација на младите со културно-историското наследство на Битола и придонесот кон светската кинематографија, од денеска па во наредниот период вo Кино Браќа Манаки ќе се прикажува наградуваниот документарен филм, „Манаки, приказна во слики“ на авторот Роберт Јанкуловски. https://filmfreeway.com/ManakiAStoryinPictures

manaki robert
manaki 1

До крајот на оваа недела , поточно во Сабота на 08.04.23 Ви најавуваме два респектибилни настани. Првиот настан е изложба на фотографии од Даниел Ѓурчиновски насловена како, „5 Години JFF Bitola“ со почеток во 12.00 ч. во Кристалната сала на Офицерски дом. Изложбата содржи автентични фотографии од музичките настапи на џез музичарите кои во изминатите пет години настапиле на битолскиот џез фестивал „Jazz factory fest“.

5YJFFArtboard 2 100

Програмската понуда ја заокружуваме со хуманитарно – музички настан, кој е соработка помеѓу Korunovska music & singing и Културниот информативен центар – Битола, концерт на единствениот Поп Рок хор во Македонија – BITVOX, со мото “Со музика за музика”. Собраните средства ќе бидат наменети за збогатување на инструментариумот на Државното музичко училиште – Битола.

Сабота навечер, Свечената сала на Офицерски дом со почеток во 19.00 ч. Концертот е веќе распродаден, а се очекува уште еден концерт на 11.04.23 на истото место во исто време.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…