Знаејќи дека развојот на општеството е заснован врз основа на целокупното знаење на човештвото, библиотеките имаат клучна улога во зачувувањето и пренесувањето на сето тоа знаење. Денес библиотеките не можат потполно да ја одиграат својата улога доколку нивното функционирање не е поткрепено од современата информациска и комуникациска технологија. Затоа библиотеките кои што се дел од регионалната мрежа COBISS.NET се чекор понапред од останатите библиотеки, со тоа што нивните корисниците на библиотечни услуги имаат пристап кон повеќе информации.

316087175 512411697594486 5499147436151297069 n

Битолската библиотеката НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола која е дел од таа регионална COBISS.NET мрежа започна со обуки на студентите од битолскиот универзитет за користење на COBISS+, со цел да им се олесни пребарувањето на литературата која им е потребна.

316251961 512411510927838 2367700958875929408 n

„Обуката ја започнавме со студентите од Педагошкиот факултет од Битола кои имаа можност да се запознаат со web апликацијата на тој систем т.е. COBISS+ која што претставува алатка за пребарување во библиотеките, односно се пристапува кон online каталозите на сите библиотеки кои што го имаат имплементирано COBISS системот во своето библиотечно работење. Она што сакавме да им го пренесеме на студентите беше како функционира апликацијата COBISS+ и кои се можностите кои таа ги нуди, односно од пребарување на публикации по автор, наслов, клучни зборови, ISBN и ISSN број, предметна определница итн. Со помош на овој пребарувач кој што е со слободен пристап, студентите ќе можат да пребаруваат во базите на библиотеките со цел да дојдат до литература адекватна на нивните образовни потреби. Со оваа активност ние се стремиме кон извршување на една од многуте цели на библиотеките, а тоа е да допринесеме за унапредување на стручната и научно истражувачката работа и развој на образованието, науката, културата и другите дејности“ информираат библиотекарите Маријан Колевски и м-р Гордана Ѓоргиевска – Неделковски.

    Правила за живот од Балтазар Грасијан
    Големите луѓе зависат од времето. Не можеле сите да се најдат во …
    Мали навики кои прават чуда за метаболизмот
    Ако чувствувате дека вашиот метаболизам работи побавно отколку порано или дека телото …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    You May Also Like

    Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

    Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

    Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

    Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

    Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

    Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

    Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

    На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…