На 21.10.2022 година (петок) во Кино Манаки со почеток во 18.00 часот ќе се одржи културно-научен настан „Битола мојот роден крај“ со промоција на книгата „Врвиците на зборот“ од проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ.

kino manaki

Книгата ќе ја промовира проф.д-р Катерина Петровска Кузмановска.

Се надеваме дека и за овој настан ќе најдете  простор во Вашите информативни изданија или содржини посветенн на културниот живот во градот.

Вера Стојчевска Антиќ е една од најплодните македонски автори чија област на истражување е средновековната македонска книжевност. Истовремено припаѓа на најголемите македонски лингвистичари кои своите истражувања ги промовира низ светот. По нејзините книги посветени на животот и делото на Блаже Конески „Мојот професор пророк“ и  „Вековит светилник“ посветен на монашкиот живот во Бигорски манастир и Рајчица, Стојчевска Антиќ го сврте својот фокус кон родниот град Битола.  Поради своето огромо научно, истражувачко и општествено дело Вера Стојчевска Антиќ е ностител на бројни национални награди, а во 2014 година ја доби и наградата „4-ти Ноември за животно дело“. Авторката припаѓа на генерацијата „градски битолчани“ кои во својата работа постојано се присутни во научните и библиотечните институции во Битола иако животниот пат ги одвел од родното место. Своето детство и гимназиски денови ги помина во Битола од каде се и реминисценциите за оваа книга. 

Промоторот проф. Д-р Катерина Петровска Кузмановска е професор на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, доктор по филолошки науки – македонска книжевност. Има објавено трудови кои се однесуваат на театрологија , живата фолклорна традиција , народниот и обредниот фолклор, од 2009 година работи на дигитализација на македонските фоклорни  изразувања. Во својата истражувачка работа ја има вклучено и конзулска Битола. Уредник е на списанието „македонски фолклор“ на Институтот.

    Луѓето што те повредуваат се всушност твои учители
    „Никој ништо не ти прави; сè си правиш сам на себе. Илузијата …
    Врвни изведби и силни пораки: затворен 27. Фестивал на монодрама во Битола
    Со доделување на фестивалските награди и изведбата на претставата „Гидионовиот јазол“, синоќа …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

    Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

    „Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

    Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

    (ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

    Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

    Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

    ,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…