„Пратеникот“ е најновата премиера во продукција на Интимниот театар Битола која на 22 октомври 2022 ќе се одигра на сцената на Народниот театар Битола со почеток од 20 часот.

fofija pretstava press

„Пратеникот“ е претстава за љубовта во време на либерален капитализам. Претстава за борбата на емоционалната човечка природа, со притисоците на општествениот систем што дехуманизира. Претстава за злото. Претстава за исконската потреба на човекот да доминира, да победува и да покорува. Претстава за тагата и за бесмислата, а во исто време претстава за надежта. „Пратеникот” е емоционално и рационално патување, низ нашите стремежи да бидеме среќни.

Иницирана е од „Народен пратеник“ на Бранислав Нушиќ, која беше само основната каписла која ја раздвижи режисерската палка на Софија Ристевска. Како што истакна на прес-конференцијата, таа не работи со автори, ни живи ни мртви, туку се преработуваат нивните текстови.

„Претставата е составена од два дела. Првиот е целосно авторски на нашиот тим, зборуваме за општеството, личните проблеми, човекот, хуманизацијата, феминизмот, маргинализираните лица како се чувствуваат, дали има еднакви права за сите. Во вториот дел се зборува за љубовна, дури  и социјална приказна за двајца луѓе кои не можат да избегаат еден од друг затоа што се сакаат, но во исто време општеството ги притиска, како  и најразличните социјални и емоционални проблеми. Претставата трае околу 70 минути, јас сум поборник за пократките форми кои се идината на театарот“, изјави режисерката Софија Ристевска.

fofija pretstava press 4

Како потписник за авторската музика наменски комонирана за претставата е Александар Талевски-Скачето.

„Инспирацијата за музиката е од улогата на актерот, на внатрешниот крик кој го носиме во нас, она кое не можеме да го кажеме и не сакаме да го кажеме. Поткрепено од танчерот, се обидовме да ја извадиме музиката од душата, тој крик да се извади во претставата“, рече Александар.

Младиот битолчанец Борис Богдановски е кореограф и танчер кој е соработник во Интимниот театар, а за првпат е дел од претстава.

„ Овој процес се работеше подолго време, беше напорно, но фантастично. Мојот лик е третиот во нивната врска, нивните мисли ги пренасочувам во движење и експресија на телото“, рече Борис.

fofija pretstava press 2

Актерот Валентин Дамчевски веќе 5 години е заштитно лице на проектите и претставите на Интимниот театар, а втора по ред која ќе ја игра на сцената на Битолскиот театар. За соработката со Катерина и Борис вели дека била инспиративна, а овој проецес е многу значаен заради вклучувањето на младите луѓе.

„За мене е огромен предизвик претставата, досега не сум работел толку експериментален процес со комплицирана естетика и тешки психофизички задачи. Но желбата да се создаде една претстава беше огромна, сигурен сум дека публиката создаденото дело ќе го прифати со радост како и ние што ѝ се радуваме на претставата“, рече Валентин.

Токму костимографијата е по идеја на Валентин, а дел од неа се и драмските панталони кои ги носи Борис, а се дело на Јасмина Василевски.

fofija pretstava press 3

„Јасмина, без да знае за нашата работа, направи драма панталони, Борис ги носи, тоа е доказ како костимот работи со човечкото тело. Како за актерот што е важна сценографијата, така за танчерот е важен костимот. Тоа е едно парче облека, но за нас круцијално“, истакна Ристевска.

311091499 10160294254858466 783214628590467537 n

Ристевска најавува дека соработката со Народниот театар Битола и понатаму ќе продолжи, односно со гостување на претстави од продукција на Инстимен театар на сцената на битолскиот.

Билетите за претставата можат да се купат пред самата претстава во сабота, или да се резервираат на 078 356 785.

meblo trejd alati

    Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот
    Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да ти плачи. Колкупати ги …
    Шејмус Мекгарви: Моќта која ја носи кинематограферот на сет, може да ги направи нештата спектакуларни
    Кинематограферот Шеjмус Мекгарви, добитникот на наградата „Златна камера 300" за особен придонес …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

    Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

    За лицемерното смирение…

    Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

    Академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО“ го прослави 40-от роденден

    Кунг Фу Клубот кој гордо го носи името на сопствениот град „Битола”…

    „Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

    Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…