Општина Новаци ќе биде домаќин на 22. „Пелагонски културно научни средби“ на 15 октомври. Станува збор за манифестација кога ги промовира и афирмира македонските научници и културни дејци од пелагонискиот регион и пошироко.

На Средбите традиционално се доделуваат наградите „Повелба за животно дело“која оваа година му се доделува на публицистот Славе Николовски Катин и „Златен клас за македонски вознес“ на Виктор Бивел афирматор на Македонија во Австралија.

Во свечениот дел од манифестацијата ќе биде промовиран 17 Зборник на трудови финансиски поддржан од Министерството за култура на Македонија, во кој се сместени 40-тина научно-книжевни трудови.

„Пелагонските културно – научни средби“ оваа година реализираат низ настани посветени на 120 години од раѓањето на првиот македонски романописец Стале Попов (1902-1965) роден во селото Мелница, Маривско. По тој повод на 17 и 18 октомври во Офицерски ќе се одржат книжевни работилници „Стале Попов-чувар на македонскиот збор“ како дел од офф програмата на Битфест’22.

311466399 1348596479004970 1975187306184098547 n

Учениците од ООУ „Славко Лумбарковски“ од Новаци подготвија  ликовни дела и есеи инспирирани од делата на С. Попов. Со историчарот Васко Гичевски е снимен разговор за книжевниот, социјалниот и историскиот моментум во делото на Стале Попов и зошто тој е посебен, информира д-р Весна Калпаковска, претседател на Пелагонски културно – научни средби.

    Битола ќе ја добие првата „Пивска милја“ во Македонија
    Битола ова лето ќе биде домаќин на уникатен спортско-забавен настан кој за …
    Игри кои ја развиваат интелигенцијата кај децата
    Познато е дека периодот до седмата година е период на најголем раст …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    You May Also Like

    Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

    Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

    „Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

    Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

    Свети Нектариј Егински, создателот на химната кон Пресвета Богородица „Света Дево“

    ,,Света Дево“ е една од најпеаните црковни Химни која ја напиша и…

    (ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

    Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…