Пред платото на националната детска галерија „Монмартр“ во Старата битолска чаршија свечено беше отворено 43. издание на светската детска ликовна колонија „Малиот битолски Монмартр“, како и 42. издание на светската детска ликовна изложба по конкурс „Битола“. Беа доделени признанијата и наградите за учениците, наставниците и соработниците на колонијата.
Фотограф: Саше Богоевски




































На овогодинешниот конкурс пристигнаа над 50.000 детски ликовни творби од над 800 приватни и државни училишта од над 81 земја во светот. На колонијата преку нивните делегации се поканети 24 земји, од кои 20 ќе бидат во Битола со 170 учесници. 5 дена ќе се слика архитектурата на Битола, архитектурата на Охрид и манастирот Свети Јован Бигорски.
Порибена акумулацијата „Стрежево“ со 250 килограми крап
Акумулацијата „Стрежево“ е порибена со 250 килограми крап, обезбеден од репроцентарот „Акватика“. …
Стар рецепт за слатко од смокви: Мирисот на летото во тегла
Има нешто посебно во домашното слатко – една мала лажичка може да …








